19 Декември, 2025
0.0431

МНОГУ ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО - Мајка држи дете во прегратка, маж ја удира и дави, нова застрашувачка снимка

Објавено во: Балкан 09 Ноември, 2022 10:55

Добивај вести на Viber

На социјалните мрежи се појави повеќе од вознемирувачко видео на кое се гледа уште еден случај на семејно насилство, овој пат снимен на камера.

На видеото објавено на Инстаграм профилот „stop_violence1“ може да се види вознемирена мајка како седи на кревет со дете во раце, додека во собата има и маж кој во еден момент и приоѓа, па ја удира по носот и, како што се гледа, почнува да ја дави туркајќи ја на креветот.

Никогаш повеќе, никогаш повеќе нема...

Во исто време, детето се уште е во прегратките на мајката и не го пушта, иако таа постојано плаче, вознемирена е и видно се плаши од насилникот.

Мажот и жената зборуваат на српски јазик.

На снимката се слуша како низ солзи му вели: Никогаш повеќе, никогаш повеќе нема да ...

View this post on Instagram

A post shared by СТОП Насиљу (@stop_nasilju1)


Профилот кој го објави видеото на платформата, во описот на видеото, апелира до сите да го споделат нецензурираното видео, и заедно да го спречиме насилството и го поставува прашањето „дали некој ќе реагира?

Кон крајот на минатиот месец, уште една снимка од семејно насилство ја шокираше јавноста, на која се гледа како мајка си ја тепа својата ќерка, која нема повеќе од три години.

Во еден момент мајката го фрла на под девојчето кое се гуши во солзи и продолжува со заканите.

- Уште не завршив, дојди овде, не завршив, да не те бркам. Ако дојдам кај вас, готови сте - вели жената од видеото.

Курир.рс

Објавуваме нецензурирано видео од Инстаграм

Фото: Принтскрин инстаграм

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен