Многудетните семејства се најсиромашни во државата - како преживуваат со минимални или без приходи?
Објавено во: Економија 02 Ноември, 2020 06:56
Дека многудетните семејства се најсиромашни во државата деновиве објави и Државниот завод за статистика.
Бројни се ваквите семејства кои живеат само со една плата или без приходи. За нив да се преживее од 1- ви до 1-ви идниот месец е вистински предизвик. Некои од нив имаат помош од роднините, но дел се лишени од каква било помош.
„Имам 8 деца, а вкупно сме 10 члена во семејството. Живеме со приходи од 8.500 денари месечно, плус детски додаток. Се занимаваме со земјоделско, си произведуваме храна колку за нас. Имам помош од црквата Свети Спас, од отец Оливер, инаку од државата нема помош. Не да е тешко, туку е претешко. Ако некој може да го живее мојот живот, не рака, срце би му дал“, вели Велче Цветаноски од селото Црешнево, Општина Македонски Брод.
Радица Зафирова од Скопје која е мајка на 5 деца, објаснува дека е тешко да се опстане без работа, особено денес во време кога потребите се големи.
„Сопругот работи приватно кога има работа, а јас сум невработена. Кога би имала шанса да работам, би работела, зошто да седам дома, но од она што гледам по огласите, се бараат луѓе со искуство, а јас немам искуство. Навистина тешко се живее. Без работа и без пари во Македонија е многу тешко да се растат деца“, додава Зафирова.
Највисока стапка на сиромаштија има во семејствата со три и повеќе деца. Во оваа категорија 45,3 отсто или скоро половина повеќедетни семејства се сиромашни. Критично ниво на сиромаштија имаат и самохраните родители со деца каде 42.8 отсто се сиромашни.
Во земјава секој петти жител е сиромашен.
Стапката на сиромашни лица во 2019-та година била 21.9 отсто, објави деновиве Државниот Завод за статистика.
Сиромашни се семејствата со 4 члена. Домаќинства каде живеат двајца возрасни и две деца е 19.5 проценти, односно секое 4-то семејство во оваа категорија е сиромашно.
Најмала стапка на сиромаштија има во категоријата самечки домаќинства (еден возрасен член на возраст од 65 години и повеќе) и таа изнесува 3.2 отсто, а стапка на сиромаштија под 10 отсто имаат и самците.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




