06 Декември, 2025
0.1027

МНР испрати економски промотори во Чикаго и Ријад со политички бекграунд

Објавено во: Економија 06 Август, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Министерството за надворешни рабооти и трговија назначи досега двајца специјални пратеници за економска прoмоција вo странствo, но и двајцата сo пoлитички бекграунд.

Заради економска прмоција и инвестиции, во Чикагo е испратен Петрит Муслиу, а во Ријад, Саудиска Арабија, ќе оди Салим Сулејмани, кој оди таму со дипломатско звање Министер советник.

Салим Сулејмани во мај објави дека поднесува оставка од сите функции во Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, како и од функцијата пратеник во Собранието. Како причина за оставката, Сулејмани ги наведе моралната, професионалната и политичката одговорност. Тој по професија е теолог кој служел како муфтија во Струга.

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Сулејмани остро го критикуваше неодамнешното приближување на неговата партија кон Демократската унија за интеграција (ДУИ), особено во контекст на претстојните локални избори. Според редоследот на кандидатската листа од последните парламентарни избори, на местото на Сулејмани во пратеничките клупи седна Валбона Адили Емини од Движењето Беса. Алијанса на Албанците тој период излезе од власта, а лидерот на партијата Арбен Таравари поднесе оставка од фунцкијата министер за здравство.

За Петрит Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу, се дозна дури во 2022 дека е испратен како генерален конзул во Чикаго, иако бил предложен уште на 20 декември 2019,. Претходно работно бил ангажиран како програмски менаџер и советник во Владата. Тој е дипломиран правник и магистар по меѓународно право.Претходниот министер за надворешни работи Бујар Османи тогаш рече дека одлуката да биде испратен во Чикаго не била обелоденета јавно, затоа што се чекал агреман од земјата во која се испраќа како дипломат. Актуелната власт како тогашна опозиција критикуваше дека Муслиу бил избран за генерален конзул без никакви критериуми и дека му е шура на тогашниот функцинер од СДСМ, Дарко Каевски.

Во описот на рабтното место на промоторите пишува дека треба „да ги штитат интересите на земјата, да даваат сугестии и совети за активности што треба да се преземат од страна на надлежните органи, да овозможуваат проширување на можностите за економска соработка, потенцијалните инвестиции и реализациа на можни инфраструктурни проекти; да остваруваат економски средби со претставници на државни инвестициони фондови и бизнис комори;  да обезбедат стручно-административна поддршка на преговарачките структури; да изработуваат анализи за потребите на надлежните органи, итн“.

Понатаму, да обезбедуваат информации за пристап до меѓународни пазари заради олеснување на извозот и изнаоѓање странски деловни партнери; да вршат активности за промоција на извозот и поврзување на македонските извозници со странски купувачи; - да обезбедат информативни услуги на странски компании за извозните потенцијали на РСМ; да учествуваат во организирање, учество и поддршка на меѓународни саемски манифестации, семинари и деловни настани на македонските извозници; да учествуваат во вршење на маркетинг истражувања за пристап на странски пазари, како и истражувања фокусирани на одредени сектори и региони, итн“.

Не е познато колкави ќе бидат птребните трошоци за активностите на овие специјални претставници во странство. И претходните влади испраќаа во светските економски центри свои прмотори во различни форми.

А.К.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?