30 Септември, 2024
0.0284

МНР: Нема македонски граѓани кои барале евакуација од Либан

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Нема македонски граѓани кои барале евакуација од Либан. Од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија велат дека до овој момент нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од наведената земја. Оттаму објаснуваат дека Министерството ги ставило сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани преку 24-часовниот СОС дежурен телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (мејл адреса: globalsos@mfa.gov.mk).

„Поради влошената безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика и апелираше да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни“, додаваат од Министерството.

Ескалацијата на конфликтот меѓу израелските сили и либанската група Хезболах  е причина поради која државите организираат авионска евакуација за своите државјани. Некои земји дури и ги повлекоа амбасадорите и другиот персонал од дипломатските претставништва. Над 100.000 луѓе од Либан преминале во Сирија овој месец, изјави вчера високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Во последниот израелски напад врз центарот на Бејрут, се убиени тројца членови на палестинската милитантна група Народен фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП), како и лидерот на либанскиот огранок на Хамас, Фатех Шериф Абу ел Амин.

Можеби ќе ве интересира

ТОМОВСКИ ЗА ТАБЛИЦИТЕ: Нема повеќе злоупотреба на службени возила за приватни цели

ТОМОВСКИ ЗА ТАБЛИЦИТЕ: Нема повеќе злоупотреба на службени возила за приватни цели

ОСТАВИЛЕ ПРИМЕРОК ОД КУРАНОТ: Непознати сторители ja oштетиле иконата на Исус во Драчево

ОСТАВИЛЕ ПРИМЕРОК ОД КУРАНОТ: Непознати сторители ja oштетиле иконата на Исус во Драчево

БОРЕ ВИДЕВСКИ Е ВО МНОГУ ЛОША СОСТОЈБА: Поради проблеми со бубрегот заврши во болница

БОРЕ ВИДЕВСКИ Е ВО МНОГУ ЛОША СОСТОЈБА: Поради проблеми со бубрегот заврши во болница

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ СО КАЗНАТА ЗА „ТЕНКОТ“ НА ГРУЕВСКИ: Двегодишната казна за „Мерцедесот“ на екс премиерот застарува

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ СО КАЗНАТА ЗА „ТЕНКОТ“ НА ГРУЕВСКИ: Двегодишната казна за „Мерцедесот“ на екс премиерот застарува

ЖЕСТОКО ЌЕ ОДГОВОРИМЕ АКО ИМА ОБИДИ ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА: Тошковски дециден

ЖЕСТОКО ЌЕ ОДГОВОРИМЕ АКО ИМА ОБИДИ ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА: Тошковски дециден

ЗАПЛЕНЕТИ РАЧНИ ЧАСОВНИЦИ ROLEX, МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ I PHONE 16, ДЕВИЗИ, ЛЕКОВИ И ДРУГО: Акција на Царината

ЗАПЛЕНЕТИ РАЧНИ ЧАСОВНИЦИ ROLEX, МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ I PHONE 16, ДЕВИЗИ, ЛЕКОВИ И ДРУГО: Акција на Царината

ДОГРАДУВАЛЕ ОБЈЕКТ ВО ОХРИД КАКО УТРЕ ДА ЌЕ НЕМА: ОЈО поднесе обвинение за две лица за бесправно градење

ДОГРАДУВАЛЕ ОБЈЕКТ ВО ОХРИД КАКО УТРЕ ДА ЌЕ НЕМА: ОЈО поднесе обвинение за две лица за бесправно градење

Планинарка пронајдена почината на Шар Планина по два дена потрага

Планинарка пронајдена почината на Шар Планина по два дена потрага

ОСТАНУВАМЕ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ: Од невладиниот сектор се загрижени дека ќе секнуваат финансиите и можностите за соработка

ОСТАНУВАМЕ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ: Од невладиниот сектор се загрижени дека ќе секнуваат финансиите и можностите за соработка