30 Септември, 2024
0.0272

ЖЕСТОКО ЌЕ ОДГОВОРИМЕ АКО ИМА ОБИДИ ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА: Тошковски дециден

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи е подготвено да одговори на секакви предизвици во иднина. Предизвици кои што ќе бидат насочени кон дестабилизација на Македонија, доколку ги има како такви во реалноста, жестоко ќе одговориме, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Во изјава за медиуми по отворањето на Регионалниот центар К9 во Полицискиот центар Ѓорче Петров, Тошковски посочи дека службите проследуваат соодветни информации до надлежните.

- Службите во рамки на институционалните форми кои што ги имавме во државата, а се занимаваат со овој тип на надлежност, проследуваа и проследуваат соодветни информации до надлежните раководни органи во рамки на истите. Тие беа споделувани соодветно и со премиерот и со претседателката. Така што, сето она кое што сме го говореле во минатото, од аспект на обиди какви што веќе видовме во овие месец дена, за подгревање на меѓуетнички тензии, дека се реалност, соодветно одговоривме, соодветно ќе одговориме и во иднина. Кога велам соодветно одговараме, велам дека МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на кој што ќе биде потребно сè со цел сите граѓани да се чувствуваат безбедно и мирно и во рамки на тој безбеден и мирен систем да ги остварува правата, рече министерот.

Дополни дека МВР во изминатиот период има отворено голем број на истраги.

- Потребно е време за во рамки на една законита процедура, почитувајќи ги сите правила и принципи на законито однесување од страна на секој еден кој што е инволвиран во рамки на овие предистражни, истражни постапки кои што сме ги презеле и ќе ги преземаме во иднина. Но, резултати ќе има. Таму каде што имаме докази, дека е прекршен законот и одредени стандардни оперативни процедури. Таму каде што ќе имаме докази дека душмански е краден македонскиот народ, соодветно ќе одговориме, со кривични пријави и со кривични постапки. Таму каде што ќе немаме докази, ќе си биде исто така соодветно постапено, посочи тој.

Прашан за нападот врз претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, што се случил во петокот, одговори дека е постапено и се преземаат дејствија.

- Постапено е од страна на МВР во однос на предметниот случај кој што го споменавте. МВР ги презема сите потребни дејствија. Веднаш е одговорено по добиена пријава за конкретниот настан и се постапува. Сè уште не можам да одговорам на вашето прашање, рече министерот.

Тошковски информираше и дека во рамки на МВР во изминатиот период и во иднина ќе следат голем број на постапки врз основа на кои што ќе треба да се одбере соодветен раководен кадар.

- Како на оние позиции каде што немаме моментално, како и на оние позиции кои што се нераководни, а има потреба од ангажирање на полициски службеници како од самото министерство, така и однадвор. Секое постапување ќе биде транспарентно споделено со јавноста во однос на сите дејствија што ги преземаме. Секој еден во рамки на МВР кој што исполнува соодветни законски услови ќе може да аплицира за предметното место за кое што има интерес и соодветна комисија во рамки на министерството ќе одлучи кој е во игра, кој не е во игра, рече тој. 

Можеби ќе ве интересира

БОРЕ ВИДЕВСКИ Е ВО МНОГУ ЛОША СОСТОЈБА: Поради проблеми со бубрегот заврши во болница

БОРЕ ВИДЕВСКИ Е ВО МНОГУ ЛОША СОСТОЈБА: Поради проблеми со бубрегот заврши во болница

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ СО КАЗНАТА ЗА „ТЕНКОТ“ НА ГРУЕВСКИ: Двегодишната казна за „Мерцедесот“ на екс премиерот застарува

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ СО КАЗНАТА ЗА „ТЕНКОТ“ НА ГРУЕВСКИ: Двегодишната казна за „Мерцедесот“ на екс премиерот застарува

ЗАПЛЕНЕТИ РАЧНИ ЧАСОВНИЦИ ROLEX, МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ I PHONE 16, ДЕВИЗИ, ЛЕКОВИ И ДРУГО: Акција на Царината

ЗАПЛЕНЕТИ РАЧНИ ЧАСОВНИЦИ ROLEX, МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ I PHONE 16, ДЕВИЗИ, ЛЕКОВИ И ДРУГО: Акција на Царината

ДОГРАДУВАЛЕ ОБЈЕКТ ВО ОХРИД КАКО УТРЕ ДА ЌЕ НЕМА: ОЈО поднесе обвинение за две лица за бесправно градење

ДОГРАДУВАЛЕ ОБЈЕКТ ВО ОХРИД КАКО УТРЕ ДА ЌЕ НЕМА: ОЈО поднесе обвинение за две лица за бесправно градење

Планинарка пронајдена почината на Шар Планина по два дена потрага

Планинарка пронајдена почината на Шар Планина по два дена потрага

ОСТАНУВАМЕ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ: Од невладиниот сектор се загрижени дека ќе секнуваат финансиите и можностите за соработка

ОСТАНУВАМЕ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ: Од невладиниот сектор се загрижени дека ќе секнуваат финансиите и можностите за соработка

БАЛКАНЦИТЕ ВЕЌЕ ВО ПАНИКА ЗА ЕТИАС: Новите правила за влез во ЕУ ги загрижија граѓаните, без дозвола нема влез во ЕУ земјите!

БАЛКАНЦИТЕ ВЕЌЕ ВО ПАНИКА ЗА ЕТИАС: Новите правила за влез во ЕУ ги загрижија граѓаните, без дозвола нема влез во ЕУ земјите!

ЕВЕ ЗОШТО ГАЛЕТАНОВСКИ СИ ДАЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРКАТА ПОЗИЦИЈА НА ЗОО: „Јас не оставам на случајност институција каде живеат 260 врсти животни и 60 вработени не планирам“

ЕВЕ ЗОШТО ГАЛЕТАНОВСКИ СИ ДАЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРКАТА ПОЗИЦИЈА НА ЗОО: „Јас не оставам на случајност институција каде живеат 260 врсти животни и 60 вработени не планирам“

НИКОЛОСКИ ГО ПОКАЖА АВТОПАТОТ ТЕТОВО - СКОПЈЕ: Еве како изгледа по засиленото темпо на работа

НИКОЛОСКИ ГО ПОКАЖА АВТОПАТОТ ТЕТОВО - СКОПЈЕ: Еве како изгледа по засиленото темпо на работа