23 Јануари, 2025
0.0289

МНР побара објаснување од САД поради идејата за поделба на Македонија

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за надворешни работи побара став од американскиот Стејт департмент во врска со изјавата на републиканскиот конгресмен Дејна Рорабашaр , според кого Македонија треба да биде поделена од соседните држави.

„Конгресменот е член на Комисијата за надворешни работи и претседавач на Поткомисијата за европски прашања. Изразените мислења од негова страна предизвикуваат голема загриженост околу Македонија и во регионот. Истите разгоруваат националистичката реторика на соседите“, се наведува во текстот од МНР. 

Македонските дипломати изразуваат исто така надеж дека државниот департмент ќе ги отстрани сите сомнежи околу изјавите и ќе ја потврди својата позиција кон Македонија и Балканот. 

Во интервју за албанската телевизија "Визион плус" Рорабашaр се изјасни за промена на границите на Балканот и поделбата на Македонија. 

„Создавањето на македонска држава пропадна и во моментов постојат сите услови таа да биде поделена меѓу нејзините соседи, вклучувајќи го и Косово и Бугарија“, рече тој. 

„Според мене Македонија не е држава. Жалам, но таа не е држава. Кај нив има толку голема поделба што никогаш во иднина нема да можат да живеат заедно. Поради оваа причина Косоварите и Албанците од Македонија треба да бидат дел од Косово, а остатокот од Македонија треба да биде дел од Бугарија или од некоја друга држава со која тие сметаат дека се поврзани. Кај нас постои идејата дека треба да се поддржува Македонија, бидејќи некој пред 30 години донел одлука за слична конфигурација по распадот на Југославија, но тоа не значи дека оваа идеја е валидна и денес“, додава уште конгресменот .

На прашањето дали новата администрација на претседателот Доналд Трамп ја поддржува ваквата идеја Рорабашaр го рече следното: „Јас имам влијание врз надворешната политика и на следните седници на Комисијата за надворешна политика ќе разговараме по прашањето за промената на границите на Балканот со цел тие да имаат смисла и да доведат до мир“.

Овде може да го погледнете интервјуто каде конгресменот побарал поделба на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција