МНР повика на зрело однесување во пресрет на отворање на бугарскиот клуб во Охрид и најавениот протест
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2022 19:24
Да се однесуваме зрело и достоинствено, порача македонското Министерство за надворешни работи (МНР) пред протестот против отворањето на бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид.
„По повод најавеното отворање на новото здружение на граѓани во Охрид, како и јавните повици за изразување на протест против истото, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија упатува апел до сите граѓани, политички и неполитички групации за зрело и достоинствено однесување, втемелено врз почитта кон правото на сите граѓани, без разлика на својата етничка припадност, да ја остваруваат својата уставно загарантирана слобода на здружување и за слободно изразување на својот став“, објави денеска МНР.
Во јавноста се појавија многу негативни реакции поради отворањето на клубот, а го осуди и Еврејската заедница во Македонија, која го нарече „повампирувањето на ликови од фашистичкиот период на Бугарија“.
„Во контекст на горенаведеното, ги замолуваме сите чинители да се воздржат од обиди за злоупотреба на своите права и слободи, особено да избегнуваат употреба на провокации и негирање на правата и слободите на другите“, стои во соопштението од МНР.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица изразија револт и повикаа на протест утре во 11.30 часот.За Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, утрешното отворање на новиот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ е провокација и повика на масовен протест во Охрид. Бугарски клуб веќе има во Битола.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




