МНР со реакција до Бугарија, по изборниот спот на Каракачанов со територијални претензии
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2021
Министерството за надворешни работи денеска испрати реакција откако се појави уште еден бугарски провокативен спот во кој се споменува Македонија.
Партијата ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов во спотот има кадри од Охрид и се вели дека тие ја бранат „бугарштината“. И претходно, имаше спотови во кои се велеше дека „Македонија е бугарска“. Овие спотови предизвикаа реакции во земјава.
„Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме.
Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија“, се вели во реакцијата на МНР.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.