17 Декември, 2025
0.0374

Мобилните оператори добија одобренија за 4G фрекфенции

Објавено во: Економија 10 Јули, 2013 14:47

Добивај вести на Viber

Агенцијата за електронски комуникации денеска ги додели лиценците за нудење услуги од четвртата генерација на мобилна технологија (4G).

На јавното наддавање, главните извршни директори на трите мобилни оператори понудија по 10.300.000 евра во денарска против вредност за добивање одобрение за користење на радифреквенции.

Почетната вредност на еднократниот надоместок што го утврди АЕК и Владата, изнесува 10 милиони евра.

Фреквенциите од блокот "А" го доби мобилниот оператор ОНЕ, од блокот "Б" му припаднаа на Т-Мобиле Македонија, а блокот "Ц" го доби Вип оператор.

Главните извршни директори по завршувањето на јавното наддавање искажаа задоволство што нивните компании ќе бидат први во регионот што на граѓаните ќе им понудат услуги од четвртата генерација на мобилна технологија. Ова беше трет тендер што го распиша „АЕК“.

Претходните два завршија неуспешно бидејќи никој од операторите не пројави интерес поради повисокиот износ од 15 милиони евра што им го побара „АЕК“ за еднократниот надоместок.

Лиценците што ги добија операторите се со важност од 20 години, а операторите најавуваат дека со услуги би стартувале во 2014 година.

Со додeлувањето на фреквенции од 4G, „Агенцијата за електронски комуникации“ очекува  поголеми брзини на мобилниот широкопојасен интернет, пониски цени, поголема иновација, нови инвестиции и подобра покриеност.

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија