17 Декември, 2025
0.0368

МОДЕФ Експо – во центарот на турската мебел индустрија!

Објавено во: Балкан 14 Октомври, 2014 07:51

Добивај вести на Viber

Од 4 до 8 ноември, градот Инегол во Бурса, Турција по 32 пат ќе биде домаќин на еден од најголемите саеми за мебел на Балканот. Повеќе од 150 компании кои произведуваат мебел, како од Турција, но така и од странство, ќе ги изложат своите производи, а се очекуваат и над 1500 гости и посетители од Европа, Средниот Исток , Балканот како и Африка. На саемот, ќе може да се видат како модерни, класични гарнитури, но и антика. Во фокусот најмногу се спалните и дневните соби, како и детските и собите посебно наменети за мали бебиња. Модеф Експо ќе биде посебно интересен за сите кои сакаат да купат квалитетен мебел, за исклучително ниска и прифатлива цена. Компаниите во Инегол ресурсите за производство ги земаат од локалните шуми, па поради тоа производството е поевтино, а со тоа и цената. Во исто време, квалитетот е на високо ниво. Индустријата за мебел во Турција во последните години е во забрзан развој. Од вкупното производство, околу 25 отсто се извезува во странство. Во Инегол се сместени повеќе од 260 фабрики и 1.500 производствени центри, со што градот е најголем производител за мебел во Турција. Минатата година, на саемот присуствуваа околу 30.000 посетители, од вкупно 48 земји во светот. Оваа година, се очекуваат посетители и изложувачи од Бугарија, Босна и Херцеговина, Ирак, Иран, Афганистан, Египет, Азербејџан, Русија, Украина, Либија, Јордан, Тунис, Саудиска Арабија, Палестина, Кувајт и многу други. Некои од организациите кои го промовираат овој саем се и Светскиот трговски центар во Дубаи и организацијата за саеми во Хановер, Германија. Организаторот на саемот, АнтЕкспо, очекува уште поголем успех оваа година, а на компаниите кои ќе го посетат, им ветува дека ќе успеат уште подобро да ја развијат својата стратегија за производство на мебел. поцеќе на слдениот ЛИНК

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни