18 Декември, 2025
0.1140

МОДЕРНА УТРЕ ПРИСТИГНУВА ВО СРБИЈА: Малку граѓани пријавиле несакани ефекти од досегашните аплицирани вакцини

Објавено во: Балкан 02 Ноември, 2021 11:13

Добивај вести на Viber

Јадранка Мирковиќ од Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија изјави дека има скоро седум милиони индивидуално дадени дози вакцини и дека досега имало 1.175 пријави за несакани реакции на вакцините.

„До вчера имавме 1.175 пријави, што е една од шест до седум илјади дадени дози, во зависност од временскиот интервал во кој ја следиме таа статистика“, изјави Мирковиќ за РТС.

Несаканите реакции, вели таа, обично се оние што се очекуваат и се појавуваат на местото на убодот, како што се болка, црвенило, оток, како и малаксаност, треска и главоболка, а повеќе од 70 проценти од овие реакции поминуваат спонтано.

Наведува дека несаканите дејства се пријавуваат во Агенцијата за лекови, но може да се пријават и во Институтот за јавно здравје „Трамболина“.

„Важно е да ги пријавиме сите несакани ефекти, сомневањата што ги имаме за сите лекови, а особено за вакцините. Важно е што се наоѓаме во неделата во која на глобално ниво се случува кампањата за подигање на свеста, односно кампањата за промоција и известување за несаканите реакции, која се одржува секоја година на почетокот на ноември“, рече Мирковиќ.

Според досегашните извештаи, таа вели дека е исклучена можноста самата вакцинација да е поврзана со смртен исход. Напоменува дека сите несакани ефекти се помали од последиците на болеста и дека постои неспоредливо поголема опасност од последиците од Ковид и исходот отколку од вакцинацијата.

Таа додаде дека Србија е и во попстапка за набавување на вакцини од компанијата „Џонсон и Џонсон, истоврвемено нагласувајќи дека со Модерна се завршени сите процедури и дека првата пратка пристигнува утре.

„Модерна пристигнува утре, а очекува до крајот на неделата да биде на пунктовите за вакцинација. Тоа е прашање на денови“, изјави Мирковиќ.

Таа наведе и дека проверката што ја поминува „Спутник“ не се разликува од проверката на другите вакцини, без разлика што е произведена во Србија.


Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен