„МОЈОТ БИЗНИС ТЕЖИ ОКОЛУ ПЕДЕСЕТИНА МИЛИОНИ ЕВРА, ПОВЕЌЕ ИЛИ ПОМАЛКУ“ - Имер Селмани ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор
Објавено во: Економија, Македонија 04 Април, 2024 10:28
Мојот бизнис сигурно тежи околу педесетина милиони евра. Оваа ексклузивна информација за првиот подкаст „Бизнис муабети“ на Фактор, ја открива Имер Селмани, бизнисмен, поранешен политичар, министер за здравство, пратеник, а на јавноста ѝ е познат и по тоа што беше претседателски кандидат и освои одличен број гласови и меѓу македонскиот дел од гласачкото тело во земјава.
Тој за „Бизнис муабети“ ги открива почетоците на неговиот бизнис, кои му овозможиле да стигне до сегашната вредност на неговата актива.
„Татко ми имаше едно такси возило, товарно возило, и се сеќавам дека во 1992 или 1993 година, тој имаше толку доверба во нас за да ни ја даде својата тогашна заштеда од три- четири илјади марки колку што тогаш имаше, и да ни го отстапи возилото со кое тој тогаш заработуваше за семејството“, вели Селмани.
На прашањето на новинарот Иванов - колку денес тежи Имер Селмани, после 30 години откако го почнал бизнисот со три до четири илјади марки, бидејќи тоа е заработено од бизнис, а не украдено, и е нормално да се сподели со јавноста, Селмани со одговор:
„После 32 години, значи милиони евра сигурно, сега не би знаел колку се, дали се педесетина милиони евра, повеќе или помалку, меѓутоа милиони евра, да“, вели овој бизнисмен за подкастот „Бизнис муабети“.
Целиот разговор со Селмани на „Бизнис муабети“ на Фактор ќе можете да го погледнете во текот на утрешниот ден.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




