19 Јануари, 2025
0.0318

МОМЧЕ ОД ВЕЛЕС ЗАРАБОТУВА 5000 ДОЛАРИ НА ТРАМП И ХИЛАРИ: Како Македонецот ги измами Американците?

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Како гром од ведро небо одекна веста дека група тинејџери од Велес заработуваат дебели пари од лажни и сензационалистички вести за Доналд Трамп и Хилари Клинтон.

„Ова е вест на милениумот“, пишува во веста на сајтот WorldPoliticus. Се цитираат неименувани извори на ФБИ кои тврдат дека Хилари Клинтон ќе биде обвинета во 2017 година за нејзините злосторства во врска со скандалот околу мејловите.

„Вашите молитиви се услишени“, стои во насловот.

За следбениците на Трамп тоа е секојдневен случај. Тие помогнале оваа целосно неоснована приказна да добие повеќе од 140 000 споделувања и безброј коментари на Фејсбук.

Во исто време, 7000 километри далеку од САД, во еден мал македонски град, момче набљудува како парите се слеваат на негова сметка од Гугл огласи.

Во последните година дена, македонскиот град Велес го зафати „златна треска“ бидејќи локалците пуштиле во работа најмалку 140 веб портали кои се занимаваат со темата на американските претседателски избори.

Овие сајтови имаат домени кои изгледаат како да се и навистина основани во САД- WorldPoliticus.com, TrumpVision365.com, USConservativeToday.com, DonaldTrumpNews.co, and USADailyPolitics.com...

Речиси сите тие ја промовираат протрамповата политика целејќи на конзервативците и следбениците на Трамп во САД.

Младите Македонци кои ги водат овие сајтови не се замараат за Доналд Трамп, туку се водат чисто од економски интереси. Имено, корисник на Фејсбук во САД „вреди“ четири пати повеќе од корисник надвор од САД. Тие увиделе дека најдобар начин за генерирање на сообраќај е да ги споделуваат приказните на Фејсбук, а најдобар начин за генерирање споделувања на ФБ  е да објавуваат сензационалистички и често лажни приказни чија содржина ги „погодува“ следбениците на Трамп.

Да, информациите на сајтовите се лоши, лажни и доведуваат во заблуда, но од друга страна-ако ги наведуваат луѓето да кликнат и да се ангажираат-тогаш тоа би требало да се искористи“, рекол студент од Велес кој води неколку такви сајтови, а кој барал да остане анонимен, пренесува Baz Fid.

Baz Fid открил дека повеќе од 100 сајтови кои се занимаваат со изборите во САД кои се „водат“ од Велес. Еден од тие сајтови има повеќе од половина милион следбеници на Фејсбук.

Се значи се сведува на пари а не на поддршка на политичка идеологија.

„Го основав сајтот како лесно би дошол до пари“, ја почнува приказната Македонецот (17) кој со уште четири лица ја води оваа работа.

„Во Македонија економијата е многу слаба, на тинејџерите не им е дозволено да работат, па така мора да пронајдеме креативен начин да заработиме пари. Јас сум музичар но не можам себе си да си дозволам инструменти. Овде во Македонија приход од мал веб сајт е доволен да си дозволите многу работи“, раскажал овој тинејџер од Велес.

Многу постови од овие сајтови се соберени или некогаш целосно плагирани од десно ориентирани портали во САД. Тоа отприлика оди вака-тинејџери од Македонија видат вест некаде на некој портал, ја земат, и дадат сензационалистички наслов и ја објавуваат на својот сајт. Потоа таа приказна ја споделуваат на Фејсбук. Што повеќе луѓе кликнат на таа приказна на ФБ , толку повеќе пари легнуваат на нивна сметка.

Претходно оваа година едно момче од Велес се обиде со својот сајт да го поткупи Берни Санадерс но не му поминало добро како со Трамп.

„Луѓето во САД сакаат да читаат вести за Трамп“, вели момче (16) од Македонија кое го води еден од тие сајтови.

Најдобро заработуваат сајтовите кои се покренати во почетокот на оваа година. Едно од момчињата вели дека негов пријател умеел да заработи и до 5000 долари месечно, а некогаш и до 3000 долари на ден ако приказната биде хит на Фејсбук.

„Добар дел од светот мислат дека Македонците се примитивни, но тоа не е вистина“, вели момчето од Велес, еден од сопствениците на споменатите сајтови.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем