09 Октомври, 2024
0.0247

МОМЧЕ СО СРПСКО ПОТЕКЛО Е ЗАЛОЖНИК НА ХАМАС: Семејството верува дека ќе се врати

Објавено во: Свет 05 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Алон Охел, 22-годишно момче, кое има српско и израелско државјанство е во заробеништво на палестинската терористичка група Хамас. 

Неговото семејство сѐ уште не се откажува од потрагата. Веруваат дека ќе се врати жив. Мајката на Алон, Идит Охел, за „Блиц“ вели дека верува оти син ѝ е жив и открива дека израелската влада и српската амбасада во Израел работат на неговото враќање.

„За жал, не знам ништо за него, ниту каде е ниту дали е жив. Многу ми е тешко, но чувствувам дека е жив и пак ќе го гушнам. Владата на Израел мора да стори повеќе, да бара да се ослободат заложниците, да престане огнот и да престане војната и сите затвореници да дојдат кај своите семејства. Помина предолго од првиот прекин на огнот! Алон Охел, како и сите заробени, е само цивил, обичен граѓанин, кој отишол на забава и бил брутално киднапиран“, вели Идит Охел за „Блиц“.

Идит пред повеќе од еден месец проговори за агонијата низ која поминува со семејството по киднапирањето. Сега таа вели дека стравува оти светот полека заборава на заложниците.

Разорниот конфликт меѓу Израел и милитантите на Хамас во Газа трае веќе три месеци.

Од почетокот на конфликтот во Појасот Газа, 22.600 луѓе загинаа во израелските воени операции, соопшти Министерството за здравство во палестинската енклава со која владее Хамас. Во изминатите 24 часа загинале 162 луѓе. Хамас на 7 октомври лани го нападна Израел. Палестинците бараат формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална