19 Декември, 2025
0.0390

МОМЧЕТО ИМАШЕ САМО 13 ГОДИНИ, ЖРТВА Е НА УБИЕЦОТ ОД ЦЕТИЊЕ: Мартиновиќ пукал и во деца

Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2025 10:30

Добивај вести на Viber

Ацо Мартиновиќ во масакрот во Цетиње уби и две деца на на возраст од 10 и 13 години, пријателите се збогуваат со момчето на социјалните мрежи.

Една од 12-те жртви е момчето М.В. кое имаше само 13 години. Пријателите на социјалните мрежи се збогуваат со со фотографии и тажни пораки.

-Сега кој ќе ме изнервира, па ќе ме насмее со неговиот одговор. О Боже, зошто земаш добри души. Ниту еден час нема да биде ист без тебе. Почивај во мир ангелу. Нека ве чуваат ангелите – пишува на една од фотографиите.

Мартиновиќ го започнал злосторството во ресторанот Велестово во близина на Спортскиот центар. Потоа ги убил членовите на своето семејство и двете деца на возраст од 10 и 13 години на три познати локации. Полицијата соопшти дека се уште се утврдува мотивот.

Обвинителката Андријана Настиќ потврди дека во Цетиње биле убиени 12 лица, а осомничениот Ацо Мартиновиќ се самоубил. Како што пренесува црногорски „Вијести“, обвинителот истражил шест локации, од кои на пет биле извршени убиствата и местото каде што осомничениот се застрелал.

Како е окарактеризиран убиецот?

- Се работи за опасна личност, несовесна и брутална - изјави синоќа директорот на Полициската управа Лазар Шќепановиќ. Тој додаде дека, според официјалните податоци, Мартиновиќ не поседувал регистрирано оружје.

Ацо Мартиновиќ (45) пред две години беше уапсен поради поседување оружје и закани. Не се знае дали и на каква казна тогаш бил осуден.

Шќепановиќ изјави дека Мартиновиќ бил осуден во 2005 година за насилничко однесување. Тој посочи и дека во 2022 година биле преземени одредени мерки, меѓу кои и претрес, при што била пронајдена воздушна пушка, друго оружје и експлозиви.

фото: Print Screen/Social Media

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен