МОНИКА ЈА ЖИВЕЕ БАЈКАТА - мојата покојна мајка ја почна традицијата за украсување на домот и дворот, јас ја продолжив за мојот син
Објавено во: Стил 15 Декември, 2023
Декември е најубавиот период во годината. Предновогодишната атмосфера во домовите го прави овој период посебен. Многумина ќе кажат дека новогодишните украси, сијалички и декорации имаат мирис на детството.
Моника Цаневска од Скопје, веќе 15 години работи како одделенски наставник во основно училиште и секоја година го украсува својот дом и го прави вистинска бајка за нејзиниот син, но и за сите случајни минувачи.
Овој период од година за неа и нејзиното семејство е посебен. Заедно уживаат во украсувањето на скромниот дом и двор. Создаваат една мала семејна идила во која уживаат за претстојните празници. Таа веќе од крајот на Ноември започнува со подготовките.
„Мојот сопруг и синчето имаат голема заслуга во украсувањето. Сите заедно учествувавме во семејните активности. На сопругот првата година му беше малку чудно, но сега гледам дека и тој навистина ужива во тоа. Денот кога започнува украсувањето сите сме возбудени, посебно синчето. Тој ден е посебен, сите сме во добро расположение. Секогаш си велам дека ќе завршиме истиот ден, но никогаш не сме успеале во тоа. Обично ни се потребни 3-4 денови да завршиме со редењето на украсите, сијаличките и некои други детаљи“, раскажува Моника.
Украсите кои го красат нивниот дом и двор се комбинација од изминатите години, по има и по нешто ново и креативно од новата година. Вели дека така е секогаш поинтересно и повозбудливо бидејќи до крајот не знае како ќе изгледа завршниот ефект кога и воедно се палат сите сијалички.
„Обично пред 1. Декември ме обзема новогодишна шопинг еуфорија за нови украси и тогаш заедно со сопругот и синчето купуваме и обновуваме некои од старите украси. Обично станува збор за некоја скромна симболична сума со која се подновува домот за некој украс плус“, вели Моника.
Од елки, украсни дедомразовци, сијалички, па се до декорации во различни бои има во домот на Моника.
„Внатре и надвор имаме 3 елки, околу 15 дедомразовци, снешковци но сијаличките никако не можам да ги избројам. Навистина се премногу“, раскажа Моника.
Традицијата за украсување ја започнала нејзината мајка. Па така низ годините ја продолжила Моника.
„Ова е традиција која ја започна мојата мајка. Уште додека бев мала таа се трудеше на најдобар можен начин да ми ја прикаже магијата на Новогодишните и Божиќните празници во домот. После украсувањето секогаш следеше изработка на најразлични колачи, подароци и разни други изненадувања. Не постоеше година, а да не се чувствува таа волшебна атмосфера во нашиот дом“.
Емотивната заднина на нејзината новогодишна бајка траела години наназад, тоа дополнително ја поттикнало, таа да продолжи да ја негува.
„Мојата покојна мајка навистина уживаше во украсувањето на дворот и домот. Поинтензивно го украсуваше дворот некои 15-тина години. Истата година кога јас си основав свое семејство, таа почина и јас ја продолжив традицијата мислам дека со уште поголема љубов и посветеност“.
Повеќе детали на Женски магазин* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.