17 Декември, 2025
0.0513

МОНСТРУМ: Убиецот прво ја удрил Тијана со автомобил, па ја убил и закопал!

Објавено во: Балкан 07 Август, 2014 11:10

Добивај вести на Viber

Месарот Драган Ѓуриќ, роден 1980 година, кој живее во Сурчин, ја убил Тијана Јуриќ, потврди српската полиција. Несреќното девојче најпрвин го удрил со автомобилот. Додека барала помош, тој и пришол, ја фатил за врат и ја вовлекол во автомобилот. Потоа ја однесол кај Сомбор, ја убил и ја закопал. Девојчето било удирано и убиецот и ја соблекол облеката, а со обдукција ќе треба да се утврди дали била силувана, изјавил српскиот министер за полиција Небојша Стефановиќ. „За жал се исполнија нашите најлоши претпоставки. Полицијата вчера го уапси монструмот кој го направи ова дело. Заради ваков монструм и вакви дела некогаш ми е жал што Србија ја укина смртната казна. Како родител и министер очекува ова да пројде со најтешка можна казна, а за тоа ќе разговарам и со министерот за правда“, рече Стефановиќ на вонредна пресконференција. Истрагата досега покажала дека убиецот немал соучесници, а уапсениот Ѓуриќ не покажувал никакви знаци на каење за извршеното злодело. Надлежните се надевале дека ќе ја најдат Тијана жива во неговата куќа. Ѓуриќ бил испитан на полиграф каде паднал на сите прашања, а потоа признал дека го извршил делото и ја одвел на местото каде што го закопал телото на Тијана. „Стоеше на местото каде што ја закопал Тијана и не покажуваше никакво каење. Затоа велам дека се работи за монструм. Тој е висока два метра и тежок преку 100 килограни, а се изживувал на едно мало девојче“, рече Стефановиќ. Српската полиција и натаму трага по мотивите - убиецот не ја познавал Тијана, немале никаква меѓусебна комуникација. Полицијата трагаше по 15-годишната Тијана од 26 јули, кога таа исчезна, а потрагата беше поставена како највисок приоритет за српските власти.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни