Московиси: Еврото од некои аспекти е премногу силна валута
Објавено во: Свет 04 Февруари, 2013 12:23
По најновиот скок на вредноста на еврото во однос на доларот и јенот, министерот за економија на Франција Пјер Московиси оцени дека „од некои аспекти“ еврото е премногу силна валута и оти неговиот пораст лошо ќе влијае врз францускиот извоз.
Европската валута во петокот имаше вредност од 1,3711 долари што е највисоко ниво од средината на ноември 2011 година. Еврото се зголеми и во однос на јапонскиот јен – 126,97 што е највисоко ниво од април 2010 година.
Францускиот министер за индустриски развој Арно Монтебург исто така изрази загриженост заради јакнењето на еврото, сметајќи дека тоа ќе има негативни ефекти врз европската економија, а не само врз француската. Тој наведе дека порастот на еврото за само 10 центи значи една милијарда евра помалку за ЕАДС, најголема европска воздухопловна корпорација
Можеби ќе ве интересира
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ




