18 Декември, 2025
0.0553

Москва предупредува поради карикатурата на пророкот Мухамед

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2015 21:00

Добивај вести на Viber

Руската федерална служба за надзор на комуникациите „Roskomnadzor“ ги предупредила медиумите  кои ја објавија карикатурата на пророкот Мухамед дека тоа е против законот во Русија. Вакви фотографии се против законот во Русија . и етничките норми кои важат во неа. „Објавувањето на такви карикатури во руските медиуми е спротивно на етничките и моралните нормативи кои важат со векови“, соопштила „Roskomnadzor“. „Ширењето на карикатури со религиски теми во медиумите, може да биде сфатено како навреда или понижување на претставниците на верата и религиските групи и се оценува како поттикнување на етничка и религиска омраза, како и кршење на рускиот закон“, се додава во соопштението. Таквото објавување, исто така, може и да им наштети на руските закони за медиуми и антиекстремизам, наведува „Roskomnadzor“, повикувајќи ги руските медиуми  да се „воздржат од објавување на карикатурите кои би можеле да бидат сфатени како навреда“. „Roskomnadzor“ го објави ова соопштение како одговор на тековната дебата за „легалитет на објавувањето карикатури кои прикажуваат религиски објекти или предмети на обожување кои се однесуваат на чувствата на религиозните лица“. Голем број весници и магазини низ целиот свет ја испечатија карикатурата на пророкот Мухамед која ја објави магазинот „Шарли Ебдо“ во чија редакција беше извршен масакар и беа убиени десет вработени. Иако руското раководство изјави сочуство со Франција, а шефот на дипломатијата Сергеј Лавров учествуваше во маршот за солидарност во Париз, коментаторите наклонети кон Кремљ и муслиманите ги обвиниле карикатуристите дека предизвикуваат напади, пренесува „АФП“.    

Можеби ќе ве интересира

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил