28 Март, 2024
0.0317

Можат ли БЕСА и Алијансата да му го „загорчат“ вториот круг на Ахмети?

Објавено во: Анализа 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Предводниците на БЕСА и Алијансата за Албанците вчера попладне постигнаа договор за коалиција во вториот круг на локалните избори закажани за 29 октомври со тоа што партиите ќе дадат поддршка за тие кандидати кои им се во игра во борбата со ДУИ.

Касами, Ибрахими, Села и Таравари договориле меѓусебна поддршка во Чаир, Тетово, Гостивар, Струга, Дебар, Долнени, Сарај, Липкови, Врапчиште, Теарце, Боговиње, Студеничани со надеж дека ќе го притиснат Али Ахмети. ДУИ имаше водство во првиот круг во речиси сите општини вклучувајќи го и Гостивар и единствена албанска партија која освои два сигурни мандати на градоначалници во Кичево и Пласница.

Сега БЕСА и АА се надеваат дека не само што разликата меѓу нив и ДУИ ќе биде надмината туку и двојно зголемена во нивна полза со тоа што заеднички ќе ги контролираат и советите на општините. Тие сметаат дека оваа коалиција еуфорично ќе биде дочекана од албанските гласачи кои сега ќе се охрабрат против политиките на Ахмети и неговите градоначалници за што подолго време постои јасно незадоволство.

Интересно е што и оваа коалиција доаѓа откако вчера во Скопје присуствуваше албанскиот премиер Еди Рама па наместо Тиранска сега злите јазици ќе може да ја наречат Скопска платформа. Шегата настрана можеби средбата со Рама била протоколарна и чиста коинциденција но, секако Биљал Касами покажа дека секој политички потег во Македонија кога се во прашање меѓуалбанските односи ќе му биде пресметен, рационален, корисен, па ако сакате и широко одобрен.

Со овој потег најверојатно паѓа во вода и идејата дека БЕСА ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ која делумно и наштети во јавноста бидејќи беа прозвани, а никогаш јасно не ги спуштија таквите тврдења. ВМРО-ДПМНЕ неофицијално се надеваше дека во вториот круг ќе добие поддршка од БЕСА за во најмала рака Коце Трајановски, а возврат тие би и помогнале на албанската партија во Чаир, Тетово, Гостивар и останатите каде не може да победи самостојно. Сепак, Трајановски беше поразен уште во првиот круг на изборите, а ВМРО-ДПМНЕ доживеа целосен дебакл.

Каде оваа коалиција го остава Ахмети?

Не е изненадување што Зијадин Села ја однесе неговата Алијанса во прегратка со Касами. Да постетиме дека тоа се сепак опонентни партии на ДУИ со таа разлика што единствено Села прифати да биде дел од парламентарното мнозинство и да ја поддржи владата на Заев и СДСМ. На локално ниво, а во иднина сигурно и на централно ниво ќе следи широк албански фронт против Али Ахмети. Дали тоа ќе биде доволно на 29 септември е засега не доволно прецизно бидејќи ДУИ ги има гласачите на СДСМ како џокер, па на истите ќе се надева во Чаир каде лесно може да победи, потоа во Тетово и Гостивар каде исто така во првиот круг имаше добра предност, како и во повеќе помали помали општини. Струга најверојатно ќе му припадне на Села кој за влакно не победи во првиот круг, додека пак БЕСА ќе се надева на целосен пресврт бидејќи во ниту една општина немаа предност во првиот круг. 

Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот