МОЖЕ ДА БИДЕ ТРЕТА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Добри прогнози за Индија
Објавено во: Економија 30 Јануари, 2024
Се очекува дека Индија следната година ќе има економски раст од 7 отсто. Државата до 2027 година би можела да биде трета најголема светска економија.
Таа би имала бруто домашен производ од пет билиони долари, објави индиското Министерство за финансии. Индија сега е петта по големина економија во светот, по САД, Кина, Јапонија и Германија. Фискалната 2024 година во Индија започнува на 1 април 2023 година и завршува на 31 март оваа година, а Министерството за финансии на Индија очекува економски раст од седум отсто на годишно ниво или дури над седум отсто во овој период, пренесува Си-Ен-Би-Си. Доколку се одржи оваа прогноза, тоа ќе биде трета фискална година по ред за Индија со економски раст од седум отсто. Перспективата на долгорочниот раст на индиската економија е позитивна поради нејзината млада популација и соодветниот низок сооднос на зависност, здрави заштеди и стапки на инвестиции и ја зголемува интеграцијата во глобалната економија.
foto freepik.com/sema_srinouljan
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.