21 Април, 2025
0.4354

Можен е драматичен пад на приходите: Владата да ги заштити платите и работните места

Објавено во: Економија 17 Март, 2020 07:03

Добивај вести на Viber

Намалената економска активност ќе доведе до намалена наплата на даноците, категорични се економските експерти. Велат дека Министерството за финансии е пред предизвикот да обезбеди соодветно ниво на приходи, во услови на сериозно намален потенцијал за тоа, со истовремен пораст на расходите за мерки кои треба да доведат до санирање на штетите предизвикани од пандемијата. Велат дека повременото затворање на границите во различни држави што го ограничува движењето на стоките и луѓето, во комбинација со потенцијално намалена домашна потрошувачка, може да доведе драматичен пад на приходите.

„Оттаму, во моментов исклучително важно е да се заштити потрошувачката, особено потрошувачката на домаќинствата, па оттаму првите мерките за справување со последиците и штетите од  COVID-19 мора да бидат насочени кон заштита на работните места и платите на работниците. Понатаму, потребно е да се дефинираат сетови на мерки за извозно ориентирани претпријатија и специфична помош по дејности, вели Анета Димовска, самостоен советник во Стопанската комора.

Таа вели дека има механизми за тоа и посебен вид на даноци од кои може да се обезбедат дополнителни приходи.

“Во ова време на COVID-19, не е значајно само да се обезбедат средства за финансирање на потребите во секторот здравство, туку во прашање се доведуваат потребите на севкупната економија, вели Димовска. 

Инаку најголемиот дел од приходите во буџетот доаѓаат од индиректните даноци, односно од даноците на потрошувачка - од ДДВ и од акцизи. Лани од нив во буџетот се остварени приходи во износ од 78.146 милиони денари или над две третини од вкупните даночни приходи во 2019 година. 

Инаку Стопанските комори веќе побараа некои даночни олеснувања - одложување на даночните обврски во секторите и фирмите погодени од коронавирусот. Бараат и мораториум на месечните аконтации за данок на добивка и обврските за ДДВ додека трае кризата. Се бара и субвенционирање на персонален данок и данок на личен доход за сите вработени, но и намалување на данок на личен доход за период од 3 месеци, поврат на ДДВ да  се врши со зголемена динамика.

Владата вчера ги замрзна цените на основните намирници.  Се најавуваат и нови економски мерки.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ШВАЈЦАРИЈА МУ Е МАЈКАТА: Богатите Американци отвораат сметки во швајцарските банки

ШВАЈЦАРИЈА МУ Е МАЈКАТА: Богатите Американци отвораат сметки во швајцарските банки

БРИКС ЛАНСИРА НОВ СИСТЕМ ЗА ПЛАЌАЊЕ: Планот е слабеење на доминацијата на доларот

БРИКС ЛАНСИРА НОВ СИСТЕМ ЗА ПЛАЌАЊЕ: Планот е слабеење на доминацијата на доларот

БРИТАНЦИТЕ ОТВАРААТ ТАЈНИ ПОГОНИ: Развиле нови методи за производство на експлозиви, воената индустрија ја презема работата во свои раце

БРИТАНЦИТЕ ОТВАРААТ ТАЈНИ ПОГОНИ: Развиле нови методи за производство на експлозиви, воената индустрија ја презема работата во свои раце

КРАЈ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ АВТОМОБИСКИТЕ ЏИНОВИ: Мерцедес брише два модели, ги прекина сите врски со Рено

КРАЈ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ АВТОМОБИСКИТЕ ЏИНОВИ: Мерцедес брише два модели, ги прекина сите врски со Рено

„НЕ НИ Е ГРИЖА ОД КАДЕ Е КОМПАНИЈАТА“: Фон Дер Лајен ги предупреди Мета, Икс и ТикТок

„НЕ НИ Е ГРИЖА ОД КАДЕ Е КОМПАНИЈАТА“: Фон Дер Лајен ги предупреди Мета, Икс и ТикТок

СТИГНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД КИНА: Земјите да не склучуваат трговски договори со САД на нејзина сметка! „Остро ќе се спротивставиме“

СТИГНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД КИНА: Земјите да не склучуваат трговски договори со САД на нејзина сметка! „Остро ќе се спротивставиме“

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ, ЗАМИНУВА КЛУЧНАТА ФИГУРА НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Клаус Шваб поднесе оставка

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ, ЗАМИНУВА КЛУЧНАТА ФИГУРА НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Клаус Шваб поднесе оставка

ГЕРМАНИЈА ПОГОДЕНА ОД НЕВЕРОЈАТНО ПОСКАПУВАЊЕ: Еве што поскапи најмногу

ГЕРМАНИЈА ПОГОДЕНА ОД НЕВЕРОЈАТНО ПОСКАПУВАЊЕ: Еве што поскапи најмногу

ВОЛВО ОТПУШТИ 800 ЛУЃЕ ВО АМЕРИКА: „Жалиме што моравме да ја преземеме оваа акција“

ВОЛВО ОТПУШТИ 800 ЛУЃЕ ВО АМЕРИКА: „Жалиме што моравме да ја преземеме оваа акција“