Може ли Македонија да искористи од судирот на големите сили за Украина?
Објавено во: Анализа 20 Март, 2014 08:34
„Во Украина се случува класичен државен удар, поддржан од странски земји и во прашање е класична војна за територии и за доминантно влијание. Европа веќе никогаш нема да биде тоа што беше досега. Нова светска војна нема да има, но студената војна е тука и ќе трае долго. Судирот Москва - Вашингтон е отворен и последиците ќе ги чувствуваме сите“, вели за Фактор поранешниот амбасадор Ристо Никовски.Според него, корените на овие случувања се кријат во обидите на Вашингтон љубоморно да ја чува унилатералноста на светот преку која доминира и да не дозволи Москва, која единствено може да му биде ривал, пак да стане супер-сила. Балканот - пак меѓу Западот и Русија Како резултат на кризата во Украина, балканските земји повторно се ставени во неблагодарната позиција да избираат на која страна ќе се приклонат. Од една страна, сите овие земји сонуваат за иднина во НАТО и ЕУ, која значи просперитет и безбедност. Но, од друга страна, за дел од нив, меѓу кои и Македонија, ваквата перспектива сèуште останува неизвесна.
„По распадот на Југославија, САД станаа главен фактор на Балканот. Русија, неспремна да се конфронтира со нив, се повлече од регионот. Но, по настаните во Украина, објективно може да се очекува Москва да бара своја улога тука“, коментира Никовски.Според него, од целата оваа ситуација Македонија може да извлече и некои позитивни елементи:
„Прво, треба да се очекува НАТО да го зајакне своето јужно крило со цел да го спречи евентуалниот продор на Русија и во тој контекст да го забрза приемот на Македонија. Најавите од Стејт департментот дека на следниот самит на НАТО ќе има проширување говорат во тој правец, иако нам ни ја повторија и уцената дека треба што побргу да го решиме името. Тоа значи дека ќе вршат силен притисок за тоа да се случи, но не треба да се исклучи и прием со референцата. Второ, Русија секако ќе се обидува да пружи некои нови опции на Балканот и со тоа да ја балансира американската доминација тука“, смета Никовски.САД се стратешки партнер на Македонија, а членството во ЕУ и НАТО се нејзините најважни приоритети, но со оглед на закочените евроатлантските интеграции, во земјава сè погласно се споменуваат можностите за свртување кон источните партнерства и пазари. Позицијата на Македонија е особено чувствителна и заради фактот што Русија е една од членките на Советот за безбедност на ОН и првата голема сила во светот која ја признава Македонија под уставното име. Но земјава традиционално има блиски и пријателски односи и со Украина, која исто така нè признава под уставното име и со која, меѓу повеќето билатерални договори, имаме потпишано и Договор за пријателство и соработка во 1998 година. Македонија го поддржува територијалниот интегритет на Украина Од почетокот на кризата во Украина, македонското Министерство за надворешни работи е прилично воздржано во коментарите во однос на случувањата во Киев и отцепувањето на Кримскиот Полуостров. Сепак, пред три дена, украинскиот амбасадор во земјава Јуриј Гончарук побарал да биде примен од министерот за надворешни работи Никола Попоски за да разговараат за актуелните состојби и настани во Украина, кои претставуваат сериозна закана и потенцијална опасност за меѓународниот мир и безбедност. Во краткото соопштение од МНР стои дека Попоски му пренел на Гончарук дека Република Македонија се залага за почитување на принципите на меѓународното право и ја поддржува независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Може ли примерот на Крим да ја отвори „Пандорината кутија“ на Балканот? Доколку Крим се припои кон Русија по спроведениот референдум, тоа го олеснува процесот на обединување на Прешевската Долина во јужниот дел на Србија со Косово, изјави претседателот на Собранието на Општина Бујановац, Јонуз Муслиу.
„Ако Москва го сака Крим, Тирана и Приштина треба да ја бараат Прешевската Долина. Таа историски била интегрален дел на Косово. Од Косово е одделна во периодот 1945-1956 година, кога југословенските комунисти извршиле размена со двете општини од северот на Косово, Лепосавиќ и Зубин Поток“, изјави Муслиу, кој беше лидер на поранешната Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац.Ваквите изјави го запалија „црвеното светло“ на Балканот - дали отцепувањето на Крим ќе создаде аргументи за нови барања за промена на границите? Според Никовски, таква закана нема.
„Обидите за нови за нови сецесионизми на Балканот се осудени на неуспех, особено во светло на новата конфронтација меѓу Вашингтон и Москва“, верува тој.Билјана Арсовска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





