28 Септември, 2024
0.0247

Може ли Шкотска да го изгради “Франкфурт на Северот”?

Објавено во: Анализа 24 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Шкотска може да се претвори во финансиски центар, ривалски по своите димензии со Франкфурт, ако се потпира на искуството во управување со средства. Стремејќи се кон независност, може исто така да го удвои своето богатство во следните 25 години. N-56 - група, составена од шкотскиот приватен сектор, претстави стратегија насочена кон зајакнување на бруто домашниот производ на земјата до 269 милијарди фунти кон 2037 година во однос на постигнатите во 2012 година 145 милијарди фунти. Планот на групата не зависи од тоа дали Глазгов ќе успее да постигне независност од Британија на најавениот во септември референдум. Еден од аспектите на планот е изградба на експертиза на Шкотска во сферата на осигурувањето и управување со средства. На овој начин земјата ќе се натпреварува со регионалниот лидер - главниот град на Велика Британија Лондон. "Близината на Шкотска и постоечките врски со Лондон, но и пониската ценовна база и квалитетот на живот, обезбеди основа за иден раст на секторот", посочуваат од N-56 во својот извештај. Во истражувањето се истакнува дека конкуренција на Лондон ќе му биде Единбург или Глазгов. Еден од двата шкотски градови ќе има амбиција да стане "Франкфурт на Северот". Тоа ќе се постигне преку последователни регулаторни и фискални мерки за зајакнување на иновативноста на финансиските услуги. N-56 исто така препорача финансирање на шкотските универзитети, кои проучуваат како новите технологии можат "радикално" да ги менуваат изгледите пред секторот на финансиските услуги. Лондон продолжува да ја зазема челната позиција како водечки светски финансиски центар во последниот век и покрај турбуленциите на финансиските пазари. Истовремено во моментов Единбург е дом на Royal Bank of Scotland, Tesco Personal Finance, Standard Life и TSB Bank. Абердин е седиште на Aberdeen Asset Management, додека главниот град Глазгов ги крие локалните структури на меѓународните гиганти JP Morgan и Morgan Stanley. K.K.