19 Декември, 2025
0.0382

Може ли Ципрас да стане новиот Лула да Силва?

Објавено во: Балкан 22 Јули, 2015 10:37

Добивај вести на Viber

Може ли Алексис Ципрас да стане новиот Лула, гласи насловот на коментарите на економистот Џефри Франклин за сајтот „Проџект синдикеит“, пренесени во британскиот весник „Гардијан“.

Авторот забележува дека грчкиот премиер треба да го погледне примерот на бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој успешно се исправил против финансиските ограничувања.

Весникот „Њујорк тајмс“, исто така обрнува внимание на Ципрас. Грчкиот премиер претрпе Метаморфозис, додека ги популаризира условите за спасувачкиот план за Грција, гласи насловот на статија во американскиот весник. Во неа се истакнува дека Ципрас, претставник на крајната левица, се приближил до позициите на традиционалните партии, додека се обидува да најде либерален начин да им помогне на мерките за штедење, на кои некогаш се противеше.

Во статија на весникот „Вашингтон пост“ и „Дејли телеграф“ се расудува врз тоа кој треба да излезе од еврозоната. Оставете ја Грција да ја напушти еврозоната, повикува коментар на материјал во американскиот весник. Авторот Дејвид Игнеишс забележува дека грчката финансиска криза засега се смирила. Според него, сепак многу скептици ја делат загриженоста на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, дека спасувачкиот план може и да не успее и дека единствениот начин за враќање на конкурентноста и економскиот раст е Грција да ја напушти единствената валута.

Зошто е време Германија да ја напушти еврозоната, гласи насловот во британскиот „Дејли телеграф“. Во написот се истакнува дека влијателните фигури како Бен Бернанке повикале федералната република да го заврши својот дел од работата, за да се стави крај на дисбалансите кои водат до неправилно функционирање на еврозоната. Единствена алтернатива е Германија да ја напушти единствената валута, се наведува во статијата.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација