19 Декември, 2025
0.0527

Можна е нова “златна треска“

Објавено во: Свет 12 Март, 2013 13:55

Добивај вести на Viber

Големи последици во финасискиот свет може да предизвика одлуката на берзата во Цирих, златото да не се користи само како депозит кај трансакциите туку да биде и директно средство за плаќање наместо валутите како што се американскиот долар или еврото, предупредуваат економските експерти. Доколку и другите светски берзи се определат за златото како средство за директно плаќање наместо валута, би можело да доведе до тоа американскиот долар да загуби уште еден примат. Во 2012-та според швајцарските банкари во светот е забележан историски феномен, таканаречен “златна треска“, кој е последица на одлуките на голем број централни банки да ги зголемат златните резерви и ковани пари поради глобалната финансиска криза. Податоците на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека, вкупните резерви кои ги поседуваат банките во светот се движат околу 33.000 метрички тони, што е своевиден рекорд. Најдобро е да имате златни пари- сметаат банкарите, а причината за тоа е едноставна, штом дојде до некое пазарно превирање, полесно е да се продадат бидејќи физички се помали од прачките, кои повеќе служат како државни резерви. На прашање што да правите со прачка од 12,5 килограми, експертите одговараат дека единствено може да се стопи. Инвеститорите златото го третираат како здрав начин за осигурување на инвестициите, а на самата цена на златото влијаат повеќе елементи, како што се стратешките политички одлуки на Кина, Русија и Индија кога ги зголемуваат своите резерви на злато. Германската Бундесбанк одлучила своите резерви од злато да ги врати во трезорите на банките. Централните банки на Бразил, Русија и Кина биле најголеми купувачи на злато во 2012 година. Додека руската централна банка купила дополнителни 90 тони злато и со тоа своите резерви ги заокружила на скоро 1.100 метрички тони. Банкарите тврдат дека најголеми златни резерви во светот им припаѓаат на САД- 8.000 тони, Германија- 3.800 тони, а зад нив се Италија, Франција, Кина, Швајцарија.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците