19 Декември, 2025
0.1932

МОЖНО РЕШЕНИЕ: Намалена еврообврзница со точна намена како ќе се трошат парите!

Објавено во: Економија 16 Јули, 2016 07:32

Добивај вести на Viber

За доброто на сите потребен е компромис околу еврообврзницата вели за Фактор, Павле Гацов –претседател на здружение на даночни експерти.Според Гацов, важно е сериозно да се намали бараниот износ, и дел од него да се побара на домашниот пазар. Нo, исто така и да се декларира намената на задолжувањето, дали тоа ќе биде за буџетски дефицит, враќање на стари долгови, плаќање на камати, плаќање за добра и услуги, за фискални потреби-поврат на ДДВ, капитални тасходи, проектно инвестирање, или за плати и пензии како што без трошка срам беше изјавувано деновиве. став Павле Гацов: Од четвртокот сме сведоци на вистинска какафонија што настана околу одложувањето на издавањето на македонската еврообрзница. Од една страна се посочува на опозицијата како на единствен виновник за ваквиот наводно срамен чин за државата, а од друга оние што се задоволни од одложувањето на издавањето ја слават својата мала победа, при тоа приграбувајќи си поголем дел од заслугите за себе. Каква разрешница е потребна за овој македонски „обврзничен јазол“?  За сега е извесно дека и двете страни ќе продолжат по своите патеки кои не се вкрстуваат. Владата не покажува амбиции да го запре процесот на издавање на еврообврзницата. За големината на сумата и за висината на каматната стапка не се изјаснува. Молчејќи турка на мускули, како и секогаш. Опозицијата пак пишува. Пишувањето по дома не носи резултат, подобро е пишувањето по надвор - до странските банки. Банкарите читаат и засега реагираат. Пишува и Министерот за правда, вели за лагалноста на емисијата не бил прашан. Ваквиот целосно спротиставен став кон емисијата на евроовбврзницата го компромитира нејзиното издавање, го доведува во прашање целиот процес, неговата транспарентност и отчетност, големината на задолжувањето, ефектите од издавањето, итн. Зад оваа еврообврзница не стојат потписите на Груевски и Ставрески, воздржан е и гувернерот Богов (иако ова не е негова работа). Целиот процес го турка тнр. Владата за избори !? Сумата што се бара е фантастично висока, највисока во историјата на Македонија. И каматата ќе биде висока. Вкупната општествено-економска цена на издавањето на обврзницата го допира плафонот на издржливоста на македонската економија. Уште една доза на кредити само ќе го одложи отрезнувањето. Нема дилема дека и овие пари ќе се потрошат пребрзо (градежната сезона е во полн ек, социјалните исплати се зголемија за 5%, пензиите нема да се зголемат од септември, засега покачувањето е одложено за ноември), но враќањето на долгот ќе има економско-социјални реперкусии. Можеби оладувањето на двете страни може да резултира со извесно решение. За доброто на сите потребен е компромис. Сериозно да се намали бараниот износ, дел од него да се побара на домашниот пазар. Да се декларира намената на задолжувањето (за буџетски дефицит, враќање на стари долгови, плаќање на камати, плаќање за добра и услуги, за фискални потреби-поврат на ДДВ, капиталнир расходи, проектно инвестирање,.. или за плати и пензии како што без трошка срам беше изјавувано деновиве).

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар