05 Декември, 2025
0.0304

Можно ли е работно време од 6 часа

Објавено во: Балкан 28 Април, 2013 19:00

Добивај вести на Viber

Работното време може да се скрати. Сте се сетиле ли на ова или веќе се навикнавме да работиме по осум и повеќе саати дневно, што речиси никому не му паѓа на памет дека работното време еден ден може да биде и пократко. Економистот Горан Николиќ има идеја која  за сега звучи неверојатно. Тој смета дека работната недела треба да трае 30 саати, што значи по шест часа дневно, пишува Каматица. Тој смета дека на тој начин речиси  сите луѓе ќе имаат вработување и практично во светот ќе нема невработеност. - Вработените би имале повеќе слободно работно време, а оние кои немаат работа полесно би ја нашле. Во целиот свет денес е привилегија да се има работа. Оној што работи е “цар”, а невработениот е во многу тешка ситуација. Тој не е само економски исклучен туку и социјално. Невработените го чинат пари и здравствениот систем. Секако, ќе имаме помали плати, но предноста за целото друштво ќе биде значајна. Вкупното ниво на платите ќе биде исто или поголемо, само порамномерно распоредено, вели Николиќ. Според него сопствениците на капитал немаат интерес за скратување на работното време бидејќи не им се исплати да обучуваат нови работници, а пократкото работно време ќе значи и поголеми трошоци. Тие би имале повеќе штета отколку корист, но од аспект на целата заедница тоа би било решение на еден убав начин сите заедно да излеземе од кризата. - Многумина не знаат дека француските синдикати се изборија за седумчасовно работно време во 2000-та, па дури и суровиот Саркози не успеа тоа да го промени. Слични реформи се спроведени и во други земји од ЕУ како Германија преку колективно преговарање, вели Николиќ. Повеќето од експертите , додава тој сметаат  дека форсирањето на работниците да работат прекувремено е погрешен концепт, бидејќи не само што стануват уморни и склони кон грешки и повреди, туку и нивното незадоволство ја урива продуктивноста.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии