16 Јануари, 2025
0.0253

Можно поевтинување на становите?

Објавено во: Економија 03 Април, 2013

Добивај вести на Viber

На повеќе начини ќе влијае одлуката врз пазарот на недвижности на Народната банка на Македонија да се намали вредноста на одземениот хипотекарен имот ако тој не се продаде брзо. Според експертите  со тоа што банките ќе мораат да ги продадат одземените имоти, прво ќе се раздвижи пазарот, а ќе влијае и врз цената на недвижностите, која и понатаму ќе паѓа. Лошите кредити на банките тежат 415 милиони или 11,8 отсто од вкупно издадените кредити се под закана да не се наплатат, пишува Дневник. Оливер Димитровски од агенцијата „Њувеј“ вели оти се зависи од квантитетот и квалитетот на одземениот имот што ќе се понуди. - Во минатото некои менаџери носеа одлуки спротивни на интересот на банките. Правејќи му услуги на некој близок, недвижностите што не се доволно атрактивни ги преценуваа. Поради тоа, кредитите што му ги даваат под хипотека на некое несолвентно лице или фирма, за таков преценет имот, тешко се враќаат. Ваквиот одземен имот кога се продава не може да има негативен импакт на пазарот, но тоа не се однесува на аткрактивниот имот, чија продажба може да ја турне цената на недвижностите. Kога вредноста на обезбедувањето при давањето на кредитот е проценета во однос 1 наспрема 1,3, тоа е можно – вели Димитровски. Тој смета дека НБМ треба да размисли и за измени во Законот за финансиското работење на банките со кои би им се дозволило тие да можат да го издаваат одземениот имот пред да го продадат. Претседателот на градежна комора при Сојуз на стопански комори, Сеад Kочан, вели оти ваквата одлука на НБМ ќе има двократно дејство: од една страна, ќе се раздвижи пазарот бидејќи банките ќе мора да продаваат, а, од друга страна, понатаму подобро ќе размислуваат кого финансираат. - Банките ќе бидат попретпазливи и нема да дозволат да дојде до заплена на имот. Може да има влијание и врз продажбата и врз цената бидејќи се работи за голем број недвижен имот кој е одземен – вели Kочан. Некои од сопствениците на агенции за недвижности се сосема сигурни дека ваквата одлука на Народната банка ќе ги турне цените на становите. - Ако таков тип недвижности излезе масовно на пазарот по пониска цена од утврдената, апсолутно ќе влијае врз цената. Тогаш сите ќе ги бркаме тие станови. Се знае дека ќе се игра со цените. Можеби не многу и долготрајно, но ќе се почувствува со сигурност – посочува Слободан Митровски од агенцијата „Асторија“. НБМ во четвртокот ја донесе одлуката со која им се наложува на банките што побргу да го продадат одземениот имот преку активирани хипотеки бидејќи тој ќе губи по 20 проценти од вредноста годишно. Одлуката предвидува ако по пет години од одземањето не се продаде, нема да се книжи ниту денар. Според гувернерот на НБМ, Димитар Богов, овие непаричени средства, високи колку и пазарната вредност на имотот, банките веќе не ќе можат да ги прикажуваат како профит, односно дека е крајно време да се види колку од банките во државата покажуваат реално остварен профит заснован врз добро работење, а колку од нив својот профит го темелат врз тоа што во својата добивка го пресметуваат и одземениот имот, кој најчесто е преценет и кој потоа со години не можат да го продадат.    

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања