МОЖНОСТ ЗА ПОСЛЕДНА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ: Ќе чини повеќекратно повеќе?
Објавено во: Економија 07 Декември, 2021 09:34
Во Владата се разговара за можност за нудење на последна легализација на дивоградбите но со посебни услови, дознава Фактор.
Можност за легализирање ќе има само градбата што не е во заштитено природно подрачје и таа ќе чини повеќекратно повеќе од даноците и трошоците што сега се плаќаат во регуларна процедура за градење. На ваков принцип ќе се овозможи за последен пат да се легализираат дивоградбите, а после одреден временски рок ако не се легализира објектот истиот ќе се сруши.
На овој начин велат нашите извори ќе добијат општините, а нема да има нерамноправен однос со сите оние кои ги следат законските процедури. Досегашните легализирања беа направени на штета на оние кои почитуваат законски процедури и на штета на општините, а на овој начин ќе се даде последна шанса за сите „непроблематични„ градби и оние кои се во тампон зоните и во зоните за „одржлив развој“ надвор од заштитените подрачја со трошоци што ќе бидат значително поголеми. По дадениот рок за спроведување на процесот на легализација, секој оној кој нема да го легализира објектот истиот ќе му биде срушен.
Овие законски решенија се предвидуваат да направат баланс по последното фијаско на Законот кога Претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот. Тој не го стори тоа со објаснување дека на овој начин се стимулира непочитување на законските одредби. Со новите предлози исто така се избегнува проблемот со легализација на дивоградби во заштитени подрачја и национални паркови, бидејќи ќе биде исклучено како можност.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




