29 Септември, 2024
0.0381

МРАЧНАТА СТРАНА НА КАПИТАЛИЗМОТ: Еден одсто од светската елита во 2016 побогати од остатокот од светот

Објавено во: Анализа, Економија 19 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Еден процент од најбогатите луѓе во светот во 2016 година ќе поседуваат поголемо богатство од преостанатите 99 одсто од светската популација, спрема резултатите од истражувањата на меѓународната хуманитарна организација Оксфам објавени во очи на овонеделното заседание на Светскиот економски форум во Давос.

Димензиите од глобалната нееднаквост се прилично зачудувачки, и покрај тоа што ова прашање е на врвот на глобалната агенда, јазот помеѓу најбогатите и остатокот од светот забрзано расте“, изјавила извршната директорла на Оксфам, Вини Бјанјима, пренесува Франс прес.

Богатството на еден процент од најбогатите се зголемени од 44 одсто во 2009 на 48 одсто во 2014 година, се наведува во извештајот и додава дека во 2016 тие ќе имаат дел од преку 50 одсто во светското богатство.

Просечното богатство на поединците од елитните еден одсто е 2,7 милиони долари (2,3 милиони евра).

Од преостанатите 52 одсто од светското богатство речиси 46 одсто е во рацете на останатата богата петтина од светската популација, додека преостанатото население поседува само 5,5 одсто од светското богатство од просечна вредност од 3330 евра по поединец се наведува во извештајот.

Оксфам предупредува дека растечката нееднаквост ја спречува борбата против глобалната сиромаштија.

Според организацијата, повеќе од половина од богатството што не е во рацете на најбогатите 1 процент, им припаѓа на најбогатите 20 проценти.

И.Р