Мрежен маркетинг: Рушиме бариери за жени претприемачи
Објавено во: Мои пари 30 Јануари, 2025
Во изминатата деценија, бројот на жени што одлучиле да изградат успех преку градење сопствен бизнис достигна околу 252 милиони[1]. Континуираниот раст на оваа бројка јасно покажува дека сѐ повеќе жени се чувствуваат оснажено да станат претприемачи и тоа им дава можност да си го зголемуваат приходот и да си ги постигнат целите во поглед на начинот на живот.
За многу жени, особено оние што се грижат за членови на семејството, традиционалниот свет на вработување е често нефлексибилен, поради што се тие принудени да балансираат со многу обврски, а тоа претставува предизвик за успешна кариера. Меѓутоа, можноста да имаат сопствен бизнис на жените им нуди флексибилност да надминат некои од овие пречки и е привлечна можност за многу од нив. Всушност, едно неодамнешно истражување што го спроведе водечката нутриционистичка компанија Herbalife, во кое учествуваа 9.000 жени од 15 земји[2], покажа дека дури 72% од жените сакаат да имаат сопствен бизнис.
Иако звучи привлечно да почнеш бизнис од нула, тоа може да биде и застрашувачко и е често тешко да знаеш кому да му се обратиш за помош и за совет. Наспроти ова, компаниите што ги продаваат своите производи преку глобална мрежа на независни дистрибутери, како што е Herbalife, им нудат одлична можност на луѓето што сакаат да го почнат своето претприемничко патување така што им даваат безбедност, поддршка и заштита.
Не треба да почнете од нула
Потребни се години и капитални инвестиции за да се изгради препознатлив бренд. За многу претприемачи, ова е едноставно преголема задача на самиот почеток, особено ако треба брзо да остварат приход. Додека, пак, кога работите со етаблирана компанија за директна продажба, тоа ви овозможува да градите бизнис со успехот на веќе докажан, добро познат бренд со значителен удел на пазарот – динамичен почеток за оние што сакаат да си бидат сами свој шеф.
Флексибилна опција
Директната продажба ви дава флексибилност да имате контрола врз кариерата така што ќе градите бизнис што се вклопува во другите ваши обврски и ви дава слобода да работите на начин што најдобро ви одговара вам и на вашиот начин на живот. Повеќе од половина од независните Дистрибутери на Herbalife се жени, што го потврдува фактот дека Herbalife низ целиот свет им обезбедува совршена можност за претприемништво на жени што сакаат флексибилност, доверба и можност да почнат сопствен бизнис.
Не сте сами
Претприемачите понекогаш може да се чувствуваат осамено, без друштво и поддршка од тим или од колеги, меѓутоа кога ќе станете дел од компанија за мрежен маркетинг, како што е Herbalife, добрата работа е тоа што добивате помош и поддршка уште од првиот ден. На своите независни Дистрибутери Herbalife им обезбедува континуирана обука и развој за да ги оснажи на бизнис патувањето – и притоа води сметка да имаат соодветни вештини за да излезат на крај со сите предизвици со кои ќе се соочат. Тука спаѓа обука за производите и за продажба, како и обука за маркетинг и за социјални мрежи. Овие обуки се вршат на семинари во живо, онлајн и преку специјално дизајнирани апликации. Овие клучни вештини може да ги примените и за други бизнис активности во кои можеби ќе сакате да се вклучите - сега и во иднина.
Пат без ризик
Обезбедување
стартен капитал за почеток на бизнис може да биде една од најголемите пречки за
секој што размислува да почне свој бизнис. Во Herbalife може веднаш да почнете
бизнис без огромни инвестиции и заеми за стартување бизнис. Нашиот нов пакет за
Членство чини само 3.152,69 денари и со него го добивате нашиот водечки Формула
1 шејк како заменски оброк и онлајн едукативни материјали.
Всушност, со нашиот Златен стандард за заштита, во што спаѓа и гаранција за
100% враќање на средствата за пакетот за Членство и за сите неотворени производ
во рок од 12 месеци, ние сме лидери во индустријата за директна продажба.
Популарноста на директната продажба се гледа и во неодамнешната анкета на SELDIA според која 88% од директните продавачи се жени,[1] што покажува колку овој флексибилен начин на работа им помага на жените да ги рушат бариерите што често ги држат далеку од традиционалното претприемништво. Директната продажба не е нов концепт, туку е можност што како никогаш досега ги задоволува потребите на модерната работна сила.
Дознајте повеќе за Деловната можност на Herbalife: https://www.herbalife.com/mk-mk/business-opportunity
ПР објава
Можеби ќе ве интересира
4iG ги зајакнува врските со водечките американски вселенски и технолошки фирми во Вашингтон

Александар Русјаков: „Девојчето и куклата што патува“ потсетува дека љубовта не исчезнува, таа секогаш се враќа во нова форма

Sprichst du Deutsch? Германска компанија бара „засилување“, може да се работи од сите делови на Македонија

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО НОВА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Samsung Electronics е глобален лидер на ТВ пазарот 19-та година по ред

Прво ладно цедено extra virgin македонско маслиново масло со врвен квалитет

#BULLILOVEstories – Фасцинантната приказна за глобалниот феномен на Volkswagen Bulli пристигна во Македонија
НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

Преку иновации и уникатно корисничко искуство, до нови стандарди во е-трговијата и визија за лидерство во регионот
