Му даваат плата за да скока по душек !
Објавено во: Стил 02 Ноември, 2012 13:39
Американецот Рубен Рејнозо работи во фабрика за рачно изработени душеци во Сан Франциско. Во описот на неговото работно место, стои дека треба да скока на три душека дневно, бидејќи само така памукот можел вистински да се компресира, нешто што не може да го стори ниту една машина.
„Ова не е игра, процесот на скокање не е лесен иако можеби така ви се изгледа. Ако премалку скокате по душеците нема да ги собере во машината за последната фаза на обработка, а доколу премногу скокате, памукот ќе биде премногу компресиран“, тврди Рубен. Иако е свесен дека има работа од соништата, сепак посочува дека и неговата работа не е за секого, бидејќи како што вели постои вистински и погрешен начин на кој тоа можете да се работи.Спиењето на рачно направениот душек по кој скока професионалниот скокач не е евтино. Еден таков душек чини околу 3000 американски долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





