Добивај вести на Viber
Фатмир Бутиќи, стопанственик и член на Стопанската комора на северозападна Македонија вели дека имале средба со министерот за финансии Кирил Миновски и му кажале оти бизнисмените нема да поддржат задолжувања кои ќе завршат за непродуктивни проекти. Според Бутиќи, спорен е и ребалансот на Буџетот кој се усвојува во период кога Владата ги почна преговорите за новото задолжување преку Еврообврзница.
Еве што за Фактор вели Бутиќи за Еврообврзницата и буџетските трошења:
“Ние како комора не можеме да дадаеме поддршка на задолжувањата и на трендот на непродуктивни трошења, и тоа му беше најавено на министерот за финансии. Стопанската комора на северозападна Македонија поддржува и стимулира рамномерен регионален економски развој ама не стимулира и не поддржува селективен пристап на оваа Влада која директно влијае на економскиот диспаритет во земјата.
Нашата комора поддржува претприемништво како катализиатор за економски развој, барајќи еднаков третман на домашните и на странските инвеститори, што не е случај на оваа актуелна Влада. Нашата комора бара униформирана примена на нашето законодавство, како предуслов за правната држава и неселективен пристап на Владата за уплата на долговите кон компаниите. За развојни политики, не само министерот за финансии туку секој свесен политички актер ќе добие безрезервна поддршка од нашата комора.
Но според својата мисија, комората ќе остане конструктивен партнер но и критичар на секоја отстапка од определбите за економски и социјален развој на земјата. И ова се му беше кажано на министерот за финансии Миновски и сметам дека е принципиелно ова да го знае и јавноста. За сегашните политики кои ги води актулената Влада говори и ребалансот на Буџетот чија интенција е да се намалат сите развојни буџетски ставки што нас ни дава само до знаење дека овој тренд на задолжување ќе се користи за покривање на тековни обврски а не за инјектирање на свеж капитал за економски развој.
Ние и досега со целото задолжување што е направено не сме виделе дека вистински дека некои од средствата се искористени за капитални инвестиции или за мерки кои што вистински ќе придонесат за нешто суштинско за економскиот развој“
Д.А.