Муцунски: Ангел Димитров сака да го политизира процесот со историската комисија
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2025 11:15
Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски денеска зборуваше за работата на Историската комисија со Бугарија и ставот на копретседателот од бугарска страна, Ангел Димитров. Според Муцунски, политиката нема право да се меша во академската слобода. Според него, обврската на членовите на Комисијата е да дебатираат, дискутираат и ако успеат да донесат некои заклучоци, низ призмата на нивните научни познавања, ќе успеат да ги координираат.
- Политиката ги има тргнато рацете од кога Владата ја предводи премиерот Мицкоски и од кога јас сум министер за надворешни работи. Ниту имаме направено притисок ниту имаме направено влијание, нешто што за жал се случуваше во минатото и за што имате сведоштва од членови на Комисијата во тоа време. Доколку навлезам во она што го кажа господинот Димитров, а верувајте имам личен став како човек во однос на многу работи кои ги кажа во последниот период, веројатно ќе ја постигнам целта што и тој ја посакува – да го политизираме процесот, рече Муцунски на прес-конференција во Владата.
Министерот потенцира дека членовите на Историската комисија треба да си работат како научници. Верува дека има различно толкување за одредени состојби на двете страни на границата, но остава на академските работници независно да си работат.
- Не смееме да им поставувме притисоци ниту временски рамки. Имаат слобода да работат, додаде Муцунски.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




