16 Декември, 2025
0.1069

Димитров: Македонските колеги од историската комисија не сакаат да нагласат дека Охридската архиепископија е продолжение на бугарската патријаршија

Објавено во: Балкан 10 Ноември, 2025 10:33

Добивај вести на Viber

Ангел Димитров, претседателот на бугарските историчари од заедничката комисија, во својот последен коментар за тоа дека ова тело што произлезе од Договорот за добрососедство воопшто не дава никакви резултати и дека Македонија треба да нагласи дека Охридската архиепископија била продолжение на работата на Бугарската патријаршија.

„И претходниот состав на комисијата се фокусираше на Охридската архиепископија како тема на професионални дискусии. Главната работа што ја сакаат нашите колеги е да не се навестува ни најмалку дека таа е продолжение на Бугарската патријаршија, дека постои овој континуитет, оваа историска врска. Постои некаков континуум помеѓу институцијата и претходната институција – Патријаршијата на бугарската држава. Иако ова е многу јасно наведено со самите одлуки на царот Василиј II. Главната причина за блокирање на работата на комисијата е неподготвеноста на нашите колеги, во овој случај тие целосно ја следат политичката линија на државата и доктрината за Македонизмот, а да не зборуваме за заедничќка историја“ вели Димитров.

Тој подвлече дека нема никакво напредок во работењето на историската комисија особено со доаѓањето на новата власт во Македонија.

„Гледајте, би можел да кажам дека ова е блокада на работата на комисијата, но ќе употребам повнимателен израз, ќе кажам дека тоа е стагнација, застој, и го користам затоа што ова е и целокупната состојба на земјата таму. Нешто што беше наведено во извештајот од Брисел и нешто што воопшто не го загрижува државното раководство таму. Ова е нешто како алиби во сегашните многу комплицирани односи меѓу нашите две земји, бидејќи формалната активност на комисијата сугерира дека сè уште постои желба да се работи. И морам да нагласам дека ова е единствената комисија што работи, создадена според Договорот за пријателство и добрососедство и единствената форма на негово спроведување. Но, бидејќи нема резултати, тогаш можеме да размислиме каков е ставот кон самиот договор.“ , смета Димитров.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата