05 Декември, 2025
0.0444

Мудис го намали рејтингот на Словенија, проблем е банкарскиот сектор

Објавено во: Балкан 01 Мај, 2013 11:18

Добивај вести на Viber

Агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на Словенија, од Баа2 на Ба1, а ова го оправдува со влошувањето на јавните финансии и банкарскиот сектор во земјата. И изгледите за словенечкиот рејтинг остануваат “негативни”, што значи дека не се исклучува можноста за повторно намалување на рејтингот. За разлика до Мудис, Фич и Стандард и Пурс сеуште не го менуваат рејтингот  “А-”, кој значи дека државата е во инвестициска категорија. Одлуката на Мудис ги принуди словенечките власти брзо да се откажат од емисијата на државните обврзници со коишто имаа намера да соберат 2,2 милијарди евра со рок на достигнување од пет и десет години. Словенечкото министерство за финансии ја блокираше таа операција и пред официјалното објавување на оцената од Мудис, со објаснување дека се очекува „можна одлука во поглед на рејтингот" на земјата. Од Мудис посочуваат дека главна причина за намалување на рејтингот е ситуацијата во банкарскиот сектор односно дека има голема веројатност дека на банките ќе им биде неопходна државна инјекција од капитал бидејќи квалитетот на кредитите кои ги одобриле континуирано се влошува од 2012 година. Како проблематичните долгови на словенечките банки се проценуваат  20 отсто од вкупните неисплатени кредити на крајот од минатата година, а се смета дека на словенечките банки ќе им треба инјекција од капитал од 8 до 11 отсто од словенечкиот бруто домашен производ (БДП).

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии