„Мудис“ ја намали инвеститорската доверба на Хрватска
Објавено во: Балкан 01 Февруари, 2013 09:17
Меѓународната рејтинг генција „Мудис“ ја намали инвеститорската доверба на Хрватска до нивотот Ба1 од претходното Баа3, со што земјата е ставена во категоријата на шпекулативни инвестиции, но нејзината перспектива е променета на стабилна, наместо на негативна, каква што беше досега.
„Мудис“ ја појасни својата одлука со „недостигот на економската обнова на Хрватска“ како и поради тоа што не очекува “значително подобрување во ситуација, кога растот се соочува со структурни препреки“.
Агенцијата утврдила исто така и „недостиг на буџетската консолидација во контекст на економските потешкотии“, како и ранливост на земјата кон економските удари.
По четири години слаб раст и рецесија, економијата на Хрватска се уште нема нови извори на раст, додава „Мудис“.
Според агенцијата економскиот модел на Хрватска е заснован на внатрешната побарувачка и градежништвото и сега е во застој, а инвестициите и извозот постојано се соочуваат со препреки.
Стабилната перспектива значи дека „Мудис“ повеќе не планира да ја намалува својата оценка, со оглед на тоа што „ризикот од влошување на буџетската состојба на Владата се уште е многу ограничен“.
Агенцијата „Стандард енд Пурс“ во декември го намали кредитниот рејтинг на Хрватска од БББ минус на ББ плус, поради недостигот на реформи и влошувањето на буџетската состојба.
Хрватската економија не забележала раст од 2009 година и повторно падна за околу 1,1 отсто во 2012 година. Оваа година Владата очекува раст од 1,8 отсто, но според Светската банка зголемувањето на БДП ќе изнесува 0,8 отсто.
Невработеноста во Хрватска, која на 1 јули треба да стане 28 земја-членка на ЕУ, на крајот на минатиот месец изнесуваше 21,1 отсто, што е највисоко ниво во изминатите две години.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





