18 Декември, 2025
0.0559

Мудис: Контрола над банките и замрзнување на депозитите во Грција се премногу веројатни

Објавено во: Балкан, Економија 20 Мај, 2015 19:25

Добивај вести на Viber

Агенцијата „Мудис“ денеска изјавила дека банкарскиот сектор во Грција се влошува толку брзо што е „премногу веројатно“ наметнување на контрола врз капиталот и замрзнување на депозитите.

Кредитната агенција исто така ги намали своите прогнози за растот на грчката економија до едвај 0,5% во 2015-та година и до 1,5% во 2016-та година, додавајќи ги ризиците кои пред економскиот раст се во надолна насока.

Перспективите за грчкиот банкарски систем се негативни, одразувајќи го силното влошување на финансирањето и ликвидноста на грчките банки. Овој притисок е малку веројатно дека ќе олесни во следните 12 до 18 месеци и има голема веројатност за наметнување контрола врз капиталот и за замрзнување на банкарските депозити, се наведува во денеска објавениот извештај на „Мудис“.

Извештајот исто така забележува дека грчките банки станале многу зависни од средствата обезбедени од централната банка, како што „Мудис“ пресметува дека кон крајот на април финансирањето од страна на ЕЦБ и преку Механизмот за итна ликвидност на Грчката централна банка (програмата ELA) достигнала до околу 32% од вкупната вредност на средствата на банките во однос на само 12% на крајот на септември 2014-та година.

Според кредитната ционалниагенција т.н. „лоши кредити“ (нефунк кредити) најверојатно ќе се зголемат до крајот на годината до 38% -40% од вкупниот износ на кредитите што се земаат од грчките банки спрема нивото од околу 34,2% во декември 2014-та година.

Грчките банки веројатно ќе имаат потреба од дополнителен капитал во иднина, наведува „Мудис“.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии