Мудра приказна: Не откривај си ја душата пред сите!
Објавено во: Стил 19 Февруари, 2019 15:04
Една млада, убава девојка отишла кај еден мудрец целата облеана со солзи.
- Што да правам? -
го прашала со солзи - секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, да не повредувам никого, помагам со што можам. Но често, наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури и некои луѓе се отворено непријателски настроени кон мене. За ништо не сум виновна а толку нефер и навреди добивам! Посоветувајте ме што да правам!
Мудрецот ја погледнал со насмевка и ѝ ирекол:
-Соблечи ја облеката и оди во градот така!
- Ти си луд ?!
- Еве гледаш, ли! - мудрецот се насмевнал повторно. - За да го покажеш голото тело на луѓето се срамиш. Зошто тогаш одиш во светот со гола душа? Таа е отворена како оваа врата. Секој кој сака, влегува во твојот живот и ги гледа твоите достоинства како одраз на сопствените пороци. Така тој почнува да се обидува да те навреди, клевети, понижи. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него.
Погледни ги овие убави цвеќиња! Се грижев за нив многу години и ги наводнував, но никогаш не ги видев нивните пупки, иако уживам во убавината и аромата на секој од нив. Биди како цвет - откривај го своето срце пред луѓето полека и незабележливо.
Погледни кој е достоен да ти биде пријател и да правиш добро за него. Девојко, не фрлај ги твоите бисери пред свињите!
Можеби ќе ве интересира
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се
Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“




