Мухиќ вели дека не е можно ВМРО-ДПМНЕ повеќе да го сака народот од другите
Објавено во: Македонија 28 Март, 2017 13:15
Бројката на Албанци кои гласаа за партија од македонскиот блок е показател за интегративен процес, а не за деструктивен, изјави пратеникот Ферид Мухиќ откако од собраниската говорница ги покажа бројките како гласале припадниците на бошњачкото малцинство во Македонија, во корист на СДСМ.
Според него, не е можно ВМРО-ДПМНЕ повеќе да го сакаат народот од другите.
Мухиќ повика да прекине непочитувањето на Собранието и да прекине бесконечното реплицирање и контрареплицирање што ја одолговлекува дебатата.
„Немате право да тврдите дека вие повеќе го сакате македонскиот народ од другите. Апелирам час поскоро да се избере претседател на Собранието“ – рече Мухиќ.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, во контра реплика кажа дека недостасуваат факти, затоа што обидот да се формира парламентарно мнозинство се базира на закон за јазици, а никој досега го нема видено тој предлог-закон.Димовски рече дека и во Албанија се води политика СОРОС и анти СОРОС. Според него, на 28 декември излегло дека албанскиот премиер Еди Рама прави платформа за во Македонија. Димовски вели дека има многу изјави за платоформата и менувањето од платформа во декларација создава незадоволство кај граѓаните.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




