13 Декември, 2025
0.0296

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2020 07:40

Добивај вести на Viber

Муслиманските верници денеска го слават Рамазан Бајрам.

Реис-ул-улема Сулејман ефенди Реџепи, поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ) го честитaше празникот. 

„Светиот Месец Рамазан завршува и сите верници му се радуваат на празникот Фитр Бајрам кој што е круна на нашиот пост, на нашите ибадети, како и на нашите стремежи што по длабоко и по силно да ја демонстрираме нашата верба кон нашиот Создател, Семоќниот Алах, Абсолутниот Владетел на Световите. Ние, почитувани верници, излегуваме од еден Рамазан кој што годинава беше малку по различен, но само по формата, неговата основа и покрај пандемијата која што ни наметна многу рестрикции, беше непроменета како и во петнаесетте изминати векови на Исламот. Всушност, убеден сум дека Рамазанот што завршува не зајакна уште повеќе, опасноста што тлееше наоколу влијаеше повеќе да се наслониме на нашиот Бог, да бидеме по солидарни, да се присетиме со сето наше битие дека нашиот живот, среќата и иднината се Божја одредба. Над атмосферата преполна со дилеми и стравови што ги создаде Covid 19, надвладеа нашата љубов и нашата верба кон Алах. Величејќи го името Божје и чувствувајќи го задоволството на мирот и спокојот што тој ги всади во нашите души, ние го возобновивме нашето убедување зајакнувајќи ги нашите доблести и размислувајќи по длабоко околу нашите можни маани“, порача реисот.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски им упати честитка на сите граѓани од муслиманската вероисповест по повод големиот празник Рамазан Бајрам.

„На крајот на светиот месец Рамазан, по еден месец пост, посакувам сите ваши молитви да бидат слушнати и кај сите верници да преовладаат солидарноста, разбирањето и помагањето на оние на кои им е потребна помош. Овој празник нека нè потсети дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит ќе можеме да ги одржиме живи вредностите што нè обединуваат и ни обезбедуваат меѓучовечко разбирање и поубава иднина“, вели Пендаровски.

Сепак, оваа година празникот ќе помине во карантин поради коронавирусот. 

Движењето е забрането од 11 часот денес па се до 5 часот наутро во вторникот. 

Карантинот ќе трае 42 часа. 

Утре е неработен ден за сите граѓани. 

Можеби ќе ве интересира

КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс