Добивај вести на Viber
Вработените во Музејот на Македонија не можеа да влезат на своите работни места бидејќи полицијата истражуваше како исчезнаа 166 предмети од депото на установата. Притоа се вршел детален попис на сите предмети. МВР го обезбеди Музејот заради проверка на сомнежите за веродостојноста на податоците кои полицијата ги добила од оваа установа, соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
„МВР врз основа на судска наредба го обезбеди Музејот заради утврдување на фактичката состојба која се однесува на бројот и видот на предмети кои се наоѓаат во Музејот, поради сомневања кои ги имавме во веродостојноста на податоците кои од таму ни беа доставени во вид на попис", истакна министерката Јанкуловска.
Со последните пријави бројаката на украдени предмети се искачи неколкупати над првобитно пријавениете триесетина артефакти за кои се увиде дека ги нема од музејот. Потоа се утврди дека недостигаат 60-тина, за последно списокот да биде проширен 166 предмети од непроценлива вредност.
На полицијата во истрагата и помагаат и инспектори од Министерството за култура. Притоа со соопштение се јавија и кустосите на Музејот, од каде велат дека соработуваат со полицијата.
Тие посочуваат дека за збирките во Музејот на Македонија се води потребната документација за музејскиот фонд на предмети и благодарение на ваквата евиденција било можно да се направи и вонредната ревизија на материјалот, на барање на полицијата со која се утврдија штетите од кражбата.
„Секое влегување на кустосите во наведените простории се евидентира во посебна книга и се одвива исклучиво во присуство на ракувач на депото. Ракувачот на депото има работна обврска да се грижи за редот и состојбите во депоата и навремено да информира за сите можни промени и недостатоци. Од првиот направен информативен разговор на полицијата со вработените, до денес, сите кустоси активно и целосно соработуваат со полицијата, со цел да се помогне во истрагата.“, стои во соопштението од каде дополнуваат дека на барање на полицијата е направена Комисиска ревизија и на останатите збиркикаде било констатирано дека недостасуваат 121 предмет, исклучиво златен накит од вкупно 4 збирки.
Пописните комисии констатираа дека во грабежот, целиот украден материјал бил избиран, односно украдени се само цели предмети додека оштетените предмети биле оставени, се појаснува во соопштението.