05 Декември, 2025
0.0564

Музичарите со смешни хонорари, здруженијата наплаќаат солени суми. Каде одат парите ?

Објавено во: Економија, Стил 24 Ноември, 2012 19:19

Добивај вести на Viber

Министерството за култура најави надзор над постапката за донесување на Правилникот за утврдување на надоместоците за користење на фонограми, како и Тарифникот на Организацијата за колективно управување на правата на уметниците - музички изведувачи и на фонограмските продуценти ММИ - Скопје. Здружението на приватните медиуми праша како ова министерство ќе се контролира само себе, затоа што станува збор за истата институција која претходно ја издала дозволата. Законот за авторски и сродни права, донесен во 1996 година, предвидува таксата да се плаќа и на ЗАМП и на ММИ, а остава простор да се појави и ново здружение, кое исто така, ако ја добие потребната дозвола од Министерството за култура, ќе може да наплаќа такса. Ова допрва може да прерасне во сериозен промблем кој ќе ја наруши фунционалноста на сите субјекти задолжени за наплата на надоместоци. Националните ТВ станици Канал 5, Сител и Алсат – М, испратија допис до Министерството за Култура и Министерството за Информатичко општество во кое бараат измена на тарифникот на ЗАМП.  Тие упатуваат протест и жалба на Тарифникот на ММИ, со што бараат нивните медиуми да бидат комплетно исклучени од тарифникот. Директорот на ММИ пак не отстапува во својот став дури ни пред телевизиските медиуми. Арсовски во интервјуто за Фактор изјави дека: Телевизииите секако треба да плаќаат. Тоа  е пракса во целиот свет, бидејќи со емитувањето на видеограмите сепак вршат јавно соопштување. Тоа  е т.н.секундарно емитување на фонограми. Медиумите овој надомест го разгледуваат како уште еден товар на нивните трошоци. Тие авторските  права ги плаќааат долги години наназад и тоа е влезено во нивните годишни трошоци. Побараа  сретствата кои ќе се соберат според реални критериуми нека ги поделат ЗАМП и ММИ според природата на емитуваните дела и нивните тарифници за истите.  Ова што се случува сега, остава простор за сомнеж во појавување на уште некое здружение кое може да ја добие дозволата од Министерството за култура за да може да наплаќа  такса. На пр. во неофицијални разговори се споменува дека и албанските музичари може да се здружат и да побараат дозвола за наплата. Паралелната наплата на повеќе здружение може да биде сериозен пробле во медиумскиот простор во земјава. Она што фрла негативна сенка во системот на функционирање на овие здруженија е каде одат парите навистина. Македонските пејачи се жалат дека не земаат скоро ништо или земаат некои смешни суми од ЗАМП како надомест за емитување на нивните песни. Ако македонските музичари се слабо платени, тогаш како и дали воопшто се плаќаат музичарите од интернационалниот пазар, а надоместот се пресметува и за нив. Медиумите и комплетниот бизнис сектор АПЕЛИРААТ до Владата на Република Македонија да истрае на одлуката и до крај да го изнесе на чистина целиот процес и да се земат во предвид сите нивни забелешки, пренесе Инпрес. Само за потсетување здружението ММИ во 2003 година доби привремена дозвола за наплата на оваа такса, која траеше до 2004 година и тогаш по судски пат успеа да ја наплати таксата секаде каде што ја побара. Парите кои ги собраа од блокираните сметки на медиумите, не ги вратија, а нема информација како и каде се распределени. Во комуникација со музичарите откривме дека има се исплатени смешни хонорари ко се движат од 300 до 1200 денари. Навистина се ретки музичарите со поголем износ. Само еден од тие кои ги запрашавме добил износ од 7000 денари. Нејасно е како ќе се врши контролата за слушање музика, кој ќе оди во инспекција, како се одредени сумите за казна, за што ќе ги користи ММИ собраните средства и можеби најважното, што ако се формира и трето или четврто здружение како што налага законот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации