13 Декември, 2025
0.2751

МВР им ја зголеми платата на компјутерџиите за да не се разбегаат

Објавено во: Економија 13 Јануари, 2020 07:00

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи мораше да им ја зголеми платата на своите компјутерџии и до 30 отсто за да останат мотивирани и да не си ја побараат среќата на друго место, согласно трендовите на се поголемата побарувачка на пазарот на труд на кадрите од оваа професија и се поголемиот раст на нивните заработки.

„Со зголемување на платите од 30 итсто се опфатени 100 лица од Одделот за информатика и телекомуникации и тоа сметано од 01.01.2020 година. Министерството за внатрешни работи се реши на овој чекор токму од причина да се мотивираат овие кадри да не заминуваат од министерството и соодветно да придонесат на позициите за кои се ангажирани“, се вели во одговорот кој го добивме од Министерството.

Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат направија измени во колективниот договор во кој е нагласено дека „заради задржување на квалитетни стручни кадри во областа на информатиката и телекомуникациите, а кои се дефицитарни во Република Северна Македонија, се утврдува додаток на плата за сите нивоа на работните места во Одделот за информатика и телекомуникации согласно закон“.

Најголемо зголемување, односно поголема плата за речиси една третина ќе добијат помошникот на министерот, началникот на организациската единица, системските специјалисти, аналитичари у администратори, како и програмерите. Во обој владин ресор кој е највитален за функционирањето и безбедноста на државата координаторот на групата ќе добие покачување за 25 отсто, додека за 20 проценти поголема плата во февруари ќе добијат техничарите, операторите, контролорите и обработувачите на податоци.

Компјутерџиите се на врвот според добри плати во Македонија. Платата во секторот „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ во октомври изнесувала 60.899 денари, според Заводот за статистика. Инаку, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2019 година, била  25.726 денари. Тоа е раст за 3,7 отсто во однос на кистиот месец претходната година.

Ако се погледнат податоците од Агенцијата за вработување, во неколкуте најбарани професии во земјата се и програмерите. Се смета дека овие работни места не се потполнети затоа што програмерите се селат. Познавачите често предупредуваат дека ако не се покачат платите, Македонија ќе остане без квалитетните кадри од ИТ секторот. 

Пред година и пол просечната плата на компјутерџиите за прв пат ја надмина границата од 1.000 евра и стана првата професија што ја надмина таа психолошка бариера. Во последно време многу поголем е интересот на младите за студирање на информатички науки, а добрата заработувачка и брзото вработување е една од причините за таквиот тренд.

A.K.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот

Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски

Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски

Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување

Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување