29 Септември, 2024
0.0346

МВР СО ДЕТАЛИ ЗА ДЕНЕШНОТО АПСЕЊЕ: Три лица уапсени, кривична за 15 лица меѓу кои и вработени во УЈП

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Раководно лице од УЈП меѓу 15-те лица кои се гонат за злосторничко здружување во денешната акција на Министерство за внатрешни работи и Обвинителство. 

Како што соопштуват од МВР, денеска (19.07.2023) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15 физички лица и 3 правни лица, и тоа против 11 физички лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по чл. 394, од кои против 9 за сторено кривично дело „даночна измама“ по чл. 279-А ст. 2, додека едно лице освен за овие две дела, заедно со уште четири физички и три правни лица се сомничат дека сториле кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 од Кривичниот законик.

- Тројца од пријавените, меѓу кои и раководно лице од УЈП, во септември 2020 организирале злосторничко здружување кон кое подоцна се приклучиле уште 8 лица, меѓу кои и двајца вработени во УЈП, а останатите управители или сопственици на правни лица, во текот на 2020 и 2021 на организиран начин преку осум правни лица од Скопје издавале фиктивни фактури и генерирале фиктивни барања кон УЈП за поврат на данок со што ги сториле споменатите кривични дела и се стекнале со противправна имотна корист на штета на буџетски средства. Прво и второпријавениот, иако не се сопственици, управители и овластени лица на сметките на правните субјекти, тие реално управувале, координирале и давале инструции за постапување, а за активностите го известувале третопријавеното раководно лице од УЈП - се појаснува во соопштението на МВР.

Од таму посочуваат дека, криминалната група правните субјекти ги користела за издавање на лажни фактури едни кон други, без да постојат реални деловни активности, и врз основа на тие фактури до УЈП биле доставувани ДДВ - даночни пријави, со цел неосновано побарување на поврат на данок т.е. врз основа на овие фактури била прокнижувана аконтација која понатаму се користела за пребивање на даночни долгови, кои трети лица, исто така правни субјекти, ги имале како обврска кон УЈП.

- Овие правни лица биле користени како даночни гаранти така што со даночни должници биле склучувани договори согласно кои осумте правни лица биле даночните гаранти и за тоа ги користеле нереалните даночни аконтации кои ги имале кон УЈП. Организаторите за целата оваа осмислена шема за возврат добивале стока, движен и недвижен имот како луксузни возила, станови и сл., кои подоцна ги препродавале на трети лица со што противправно се стекнувале со материјална корист - додаваат од МВР.

Оваа криминална група преку четири правни лица од Скопје, во периодот од 2020 до 2021 година, со склучување на договори за даночни гаранти, неосновано, на штета на буџетските средства пребиле данок во вкупен износ од 51.626.637 ден. (или 837.458 евра), при што дел од нелегално стекнатите парични средства преку повеќе трансакции биле искористени за купување на недвижен имот во вкупна вредност од околу 150.000 евра на име на еден од пријавените, син на третопријавениот, а дел биле пуштени во легалните финансиски текови преку повеќе готовински уплати и трансакции по основ на наводни позајмици. 

Исто така, дел од нелегално стекнатата имотна корист, третопријавениот ја легализирал преку пријавените овластени лица на банкарските сметки на правните субјекти и пријавените правни лица, преку повеќе меѓусебни трансакции.

- Третопријавениот на овој начин легализирал и износ од 15.259.870 ден. (или 248.128 евра), при што уплати на сметка на едно од пријавените правни лица по основ на „дневен пазар“ во повеќе трансакции по основ на „позајмица“ биле трансферирани на сметката на другото пријавено правно лице. Овие средства понатаму, од страна на правното лице биле користени за откуп на девизи, плаќање на фактури кон домашни и странски правни лица за увоз или набавка на стока, а дел од средствата, односно 110.000 ден. (или 1.789 еур) биле префрлени на сметка на синот на третопријавениот - прецизира МВР.

Од министерството појаснуваат дека со сите овие инкриминирачки дејанија, оваа криминална група на организиран начин ги сторила кривичните дела опфатени во кривичната пријава, со што членовите на оваа група за себе прибавиле противправна имотна корист, а на буџетските средства била нанесена штета во вкупен износ од 51.626.637 ден. (или 837.458 евра).

- Утрово (19.07.2023) од страна на ОСОСК беа спроведени претреси на 7 локации, при што од слобода беа лишени три лица кои ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка. При претресите беа запленети мобилни телефони и документација, а при претресите на две локации беа пронајдени и запленети вкупно 35 куршуми од кои 8 куршуми со калибар 6,5 мм, 10 куршуми со калибар 7,65 и 17 куршуми со калибар 9 мм, при што дополнително се приведени две лица, за кои по документирање на случаите ќе следува соодветна пријава - прецизираат од МВР.

Претходно и ОЈО се огласи за денешната акција во која според медиумите е уапсен и Исмет Гури, член на ДУИ, кој неодамна беше осуден на казна затвор од три и пол години за изборни нерегуларности, како и неговиот син.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“