МВР: Сопатничката на Спасов потврди дека никој не тропал по возилото
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2016
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасов денес информираше дека дополнителниот заменик министер Диме Спасов ќе добие три прекршочни пријави.
Спасовски повикувајки се на на сите факти, рече дека МВР констатирало оти Туарегот таа ноќ е управуван од страна на Диме Спасов.
„Утврдени се оштетите настанати при случувањето на двете незгоди. При тоа и според сите факти, а врз основа на законот за безбедност во сообраќајот ќе бидат поднесени пријави за напуштање на местото на настанот, бидејќи не постапил по барањата на полицијата и не го сопрел возилото на време“, додаде министерот.
Во однос на сопатничката која остана сама откако Диме Спасов за време на увидот избега од полицијата, МВР тврди дека таа потврдила дека службенот Туарег го управувал Диме Спасов.
„Утврдено е дека во возилото имало сопатник, Т.К. која дала изјава своерачно потпишана дека лицето Д.С. управувал со возилото и дека немало никакви дејствија, дека никој не тропал или удирал по возилото, рече Спасовски и додаде дека лицето М.Т. кое лажно сведочело дека го возело Туарегот нема да добие кривична пријава за давање на лажен исказ“, потенцираше министерот Спасовски.