МВР ТВРДИ - ги преземаме сите мерки и препораки за заштита на нашите вработени
Објавено во: Корона Вирус 07 Април, 2020 15:30
Откако од коронавирусот почина првиот припадник на Полицијата, односно 52 годишниот полицаец од Куманово, кој бил вработен на граничниот премин Белановце со Косово, од Министерството за внатрешни работи информираат дека во целост ги почитуваат и спроведуваат препораките и заклучоците на Владата во справување со коронавирусот.
„МВР е прва институција во државата која успеала во овој специфичен период да спроведе постапка за набавка на неопходните средства и опрема за заштита на полициските службеници, а паралелно со тоа преку дипломатски контакти успеавме да обезбедиме и дополнителна заштитна опрема која во целост е ставена и распределена до сите Сектори за внатрешни работи“, велат од МВР во своето соопштение до јавноста.
Нагласуваат дека во изминатиов период, со цел да се обезбедат безбедни услови за нормално функцинирање и извршување на работните задачи, била извршена и дезинфекција во просториите и објектите каде е утврдено дека престојувале вработени лица за кои е потврдено дека се позитивни на тестот за коронавирус, а тоа ќе се прави и за секој нареден случај.
„Исто така, според протоколите предвидени за вакви ситуации, од страна на епидемиолози направени се интервјуа и на вработени кои биле во непосреден контакт со заболените и во соработка со нив се утврдува за кои лица се издаваат решенија за изолација и изјави за самоизолација“, велат од МВР.
Од ова министерство нагласуваат дека во однос на исплатата на дополнителни средства на полициските службеници кои се наоѓаат на одредени пунктови, во целост се почитуваат правата на вработените на МВР и во вакви ситуации загарантирани во колективниот договор и во Законот за внатрешни работи .
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





