МВР, УЈП и Државно правобранителство ќе превземат најмногу вработени од министерството на Груби
Објавено во: Економија 22 Јануари, 2021
Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи и Државното правобранителство ќе превземат најмногу од 1.349-те „рамковно“ вработени од Министерството за политички систем и односи на заедниците.
МВР превзема 143, кај УЈП одат 92, а во правобранителството се селат 74, набројуваше првиот вицепремиер Артан Груби, претставувајќи го планот за распределба на административните службеници кој веќе е усвоен од Владата.
Во Управата за водење на матични книги ќе одат 41, а 35 во Државен пазарен инспекторат. Во Министерство за надворешни работи ќе одат 26, во Клиничка болница Тетово 25. Агенцијата за заштита на лични податоци добива 30, додека Агенцијата за катастар 29.
„Упатните решенија веќе ги потпишав и процедурата може да започне. Доколку некој не дојде за седум дена да го земе решението, ќе биде ставен на трансфер-листата во Министерството за информатичко општество и администрација, рече Груби.
Министерот за политички систем рече дека најголем број од вработените, познати уште по тоа што со години добиваа плата а не одеа на работа и ако од буџетот за нив годишно се трошеше по девет милиони евра, се правници и економисти, но и дека има и такви со средно образование.
Нивните нови работни места ќе бидат во 237 институции, а Груби напомена дека управителите се должни да им овозможат стручна обука. Тој напомена дека покрај Албанци, на листата имало и Македонци и вработени од другите националности.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.