13 Април, 2025
0.0275

Њујорк ги има најдобрите ресторани во светот

Објавено во: Стил 04 Октомври, 2012 12:37

Добивај вести на Viber

Со 66 ресторани со Мишелинска ѕвезда за 2013-та година, Њујорк е градот во кој што може да ја добиете најдобрата и најразновидна храна на светот. Седум од њујоршките ресторани имаат добиено по 3 Мишелински ѕвезди, што претставува едно од најголемите признанија во областа на кулинарството, а уште седум други, поседуваат по 2 вакви ѕвезди. 52 ресторани имаат добиено по една Мишелинска ѕвезда, од кои 9 за прв пат. Со тоа, ако во 2012-та Њујорк се гордееше до 61 врвен ресторан, во 2013-та уште 5 ресторани се додадени на престижната листа. „Кулинарската сцена во Њујорк останува исклучително динамична“, објаснува Мишел Елис, меѓународен директор на Мишелинскиот водич  притоа истакнувајќи дека во САД останува огромен интересот за отварање нови ресторани и експериментирање, што не е случај со Европа. „Се почесто се користат локални производи од индивидуалните земјоделци,  интересна станува и нордиската кујна во која се застапени алгите, но и понатаму се задржува јапонското влијани и опуштениот амбиент, дури и кај рестораните со Мишелински ѕвезди“,  вели Елис  

Можеби ќе ве интересира

„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите

„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите